• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

ЦИВИЛ Мониторинг: Топ 10 манипулации и дезинформации во светот во 2024

January 5, 2025

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ЦИВИЛ Мониторинг: Топ 10 манипулации и дезинформации во светот во 2024

Во 2024, на неприкосновените руски лажни наративи и дезинформации им се придружија дезинформациите кои се однесуваа на изборите во САД со особено жестоки напади врз претседателската кандидатка на демократите, Камала Харис. Не останаа поштедени ниту високите функционери на Евроската Унија, додека на редовната мета на руските пропагандисти, брачниот пар Зеленски, сега беше додадена вдовицата на убиениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија.

January 5, 2025 13:51
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ ВО САД, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Во 2024 година, дезинформациите како составен дел од малигната пропаганда за манипулација на јавноста низ светот продолжија да се шират со несмален интензитет. Минатава година, на се уште неприкосновените руски лажни наративи и дезинформации како дел од пропагандната војна на Кремљ против Украина и демократскиот Запад, според интензитетот и жестокоста им се приближија дезинформациите од САД кои се однесуваа на претседателските изборите, со особено жестоки напади врз претседателската кандидатка на демократите, Камала Харис.

Не останаа поштедени ниту високите функционери на Евроската Унија, додека на редовните мети на руските пропагандисти, брачниот пар Зеленски, сега им се придружи и вдовицата на убиениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија.

Во продолжение ви нудиме хронолошкиот избор на дезинформативните наративи кои ги обработи Мониторинг тимот на ЦИВИЛ Медиа во текот на минатата година:

1, Само пет тела донесени во мртовечницата во Белгород по мистериозната авионска несреќа на рускиот Ил-76, некои украински заробеници кои наводно биле во авионот веќе биле разменети претходно

Неколку руски и украински извори забележале дека барем еден од наводните украински заробеници од списокот со 65 имиња кој го објави руската ТВ-новинарка Маргарита Симонјан, која се смета за жесток пропагандист на Путин, веќе бил разменет во претходна размена на заробеници на 3 јануари и се вратил во Украина.

2. Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август 2021 година на Инстаграм, значи пред смртта на Навални. Чичваркин е поддржувач на Навални и според „Тајм“ магазинот, тој од 2010 година му донирал повеќе од 100 илјади долари за да ја поддржи битката против Путин

3. Руските пропагандисти шират лажни фотографии од пасоши на Украинци, наводно вмешани во терористичкиот напад во Москва

На 22 март се случи терористички напад во градското собрание Крокус во Красногорск, Московската област, при што според последните податоци загинаа 137 луѓе. Руската пропаганда го искористи за уште еднаш да ја оцрни Украина. Според лажните вести што ги шират на платформата на социјалните мрежи Х, осомничените за терористичкиот напад во Москва се идентификувани како украински државјани кои наводно биле ангажирани од државата користејќи пари од американските даночни обврзници.

4. Руската пропаганда шири лажни вести дека Зеленски купил кралската палата во Британија

Руските пропагандисти креирале веб-страна на лажен британски весник и користеле Јутуб канал во кои се тврди дека претседателот на Украина Володимир Зеленски наводно го купил замокот Хајгроув Хаус, порано во сопственост на кралот Чарлс III од Обединетото Кралство, за 20 милиони фунти. Ова е лажна вест. Во британските медиуми нема информации дека Зеленски купил имот.

По дезинформациите за украинскиот претседател Зеленски, на „тапет“ на пропагандистите од Кремљ се најде и неговата сопруга.

5. Руската пропаганда сo дип фејк видео шири лаги дека сопругата на Зеленски купила ексклузивен автомобил за 4,5 милиони евра 

Проруските сметки на англиски и француски јазик на платформата за социјалните медиуми Х, како и на каналите на Телеграм, активно шират дезинформации во кои се тврди дека првата дама на Украина Олена Зеленска купила нов хиперавтомобил Bugatti Tourbillon за 4,5 милиони евра за време на нејзината посета на Франција. на почетокот на јуни 2024.

6. Неколку минути откако летаа куршуми кон Трамп, почнаа да летаат и дезинформации

Само неколку минути по пукањето, обидот за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп предизвика огромно море од коментари – некои чудни, други контрадикторни – како одраз на застрашувачката неизвесност во моментот, како и на трескавичната, поларизирана политичка клима во Америка. Спомнувањата на Трамп на социјалните мрежи пораснаа и до 17 пати повеќе од просечната дневна сума во часовите по пукањето

7. Лажните наративи за државјанството, расните инсинуации, мизогините и сексуални навреди за Камала Харис

Не долго откако претседателот Бајден се откажа од претседателската трка во 2024 година и ја поддржа потпретседателката Камала Харис, на социјалните мрежи повторно почнаа да се појавуваат лажни тврдења насочени кон неа. Лажни наративи за државјанството, мизогини и сексуални навреди, расни инсинуации за Харис го преплавија интернет во моментот кога стана најверојатен демократски кандидат и ја наговестија новата стратегија на Трамп.

8. Со фотомонтажа се шири лажна вест дека е уапсена претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен

Профил на мрежата Х, кој според објавите е поддржувач на претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп, шири дезинформации што се споделува на социјалните мрежи дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен била уапсена во Европскиот парламент.

9. Руската пропаганда и дезинформации насочени кон изборите во САД кулминираат пред гласањето

Дезинформациите се дел од американскиот политички пејзаж веќе со години, но е чини дека во пресрет на изборите во 2024 година, тие уште повеќе се зголемуваат. Повеќекратните руски кампањи за дезинформации насочени кон изборите во САД ги зголемија нивните напори да сеат раздор околу изборниот процес и жешките домашни прашања, според ексклузивните наоди споделени од руска истражувачка група за дезинформации.

10. Руската пропаганда шири лажни тврдења дека Европскиот парламент ја обвинува Украина за злосторства врз сопствените деца

Руските медиуми, каналите на Телеграм и ботови на платформи како што се Х, Фејсбук и Јутјуб шират искривена наратив заснована на говор одржан во Европскиот парламент од поранешниот холандски европратеник Марсел де Граф, член на проруската партија Форум за демократија (ФвД), кој тврди дека украинските деца киднапирани од Русија се „бегалци“ кои настрадале од „украинското бомбардирање“. Овие тврдења се целосно лажни. Прво, изјавите на Де Граф го претставуваат неговото лично мислење и немаат фактичка поддршка , а неговата реторика се усогласува со заедничките руски пропагандни наративи, како што е наводната „победа“ на Русија над НАТО и Соединетите Држави во Украина – тврдења кои често се засилуваат од руската државна новинска агенција ТАСС.

Драган Мишев 

.

 

Tags: 2024 годинадезинформациипропагандаСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ