• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ го потврди Соренсен за емисар во дијалогот Косово-Србија; Косовските политичари користат државни ресурси за изборна кампања; МНР на Албанија бара одговорност од Србија за протерувањето на двајца Албанци

January 24, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ го потврди Соренсен за емисар во дијалогот Косово-Србија; Косовските политичари користат државни ресурси за изборна кампања; МНР на Албанија бара одговорност од Србија за протерувањето на двајца Албанци

January 24, 2025 12:13
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските медиуми денеска известуваа за потврдувањето на Петер Соренсен за специјален пратеник за дијалогот помеѓу Косово и Србија, од страна на Амбасадорите на ЕУ. Соренсен доаѓа на местото на Мирослав Лајчак.

Политичките партии користат државни ресурси за предизборната кампања, за парламентарните избори што ќе се одржат во Косово на 9 февруари.  Десетици случаи се забележани само во првата недела од изборната кампања.

Во Албанија, Министерството за надворешни работи  реагираше на веста дека двајца Албанци се прогласени за нон – грата од Србија, кои беа таму за да учествуваат на семинар. Во реакцијата, Министерството за надворешни работи информира дека го повикало на средба амбасадорот на Република Србија, Слободан Вукчевиќ и ја изразил својата загриженост за овој случај.

Во продолжение се поместени сите содржини од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Бота сот: Амбасадорите на ЕУ го потврдија Соренсен како емисар на дијалогот Косово-Србија

Дипломатот од Данска, Петер Соренсен, е потврден од амбасадорите на Европската Унија за ставот на специјалниот претставник на блокот за дијалогот меѓу Косово и Србија, пренесе Бота Сот.

Соренсен е избран од високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, да го замени Мирослав Лајчак на оваа позиција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе го дадат своето конечно одобрение во понеделник, за Соренсен да го започне својот мандат на почетокот на февруари.

Мандатот на досегашниот пратеник Лајчак истекува на 31 јануари.

Косова прес: Политичките партии користат државни ресурси за предизборна  кампања

Политичките партии користат државни ресурси за предизборната кампања. Десетици случаи се забележани само во првата недела од изборната кампања.

Организациите кои го следат овој процес велат дека користат службени автомобили, просторите на јавните институции, но и случаи кога државни службеници се присутни на јавни собири, дури и во работно време, пренесува Косова Прес.

Законот за општи избори забранува користење на државни ресурси во периодот на изборна кампања.

Инфокус: ЦИК- Утре завршува рокот за набљудувачи на невладини, меѓународни организации и претставници на странски држави

На 25 јануари истекува рокот во кој невладините, владините и меѓувладините организации, специјализираните меѓународни организации кои се занимаваат со изборите и заштитата на човековите права и претставниците на странски држави, треба да поднесат барање за набљудување на изборите за Собранието на Косово, кои ќе се одржат на 9 февруари 2025 година.

По истекот на рокот 25 јануари, ќе има само уште еден отворен рок за акредитација на медиумите, пренесе Инфокус.

АЛБАНИЈА

РТШ: Протерување на активисти од Србија, 320 организации со писмо до ЕУ: Белград да ги почитува човековите права

Повеќе од 320 граѓански организации од 27 европски земји потпишаа писмо во кое бараат од Европската унија да не дозволи Србија да ги крши човековите права.

Писмото следи по притворањето и депортирањето на граѓанските активисти од Албанија, Хрватска, Словенија, Романија, Австрија и Северна Македонија кои присуствуваа на невладината академија на Ерсте Штифтунг во Белград.

„Овие лица беа уапсени во текот на ноќта, испрашувани без докази, прогласени за „закана по националната безбедност“ и забрана за влез во Србија на една година“, се вели во писмото, пренесе РТШ.

Репортери: Двајца Албанци се приведени и депортирани од Белград, Албанија бара одговорност од Србија – Преиспитајте  ја одлуката

Министерството за надворешни работи на Албанија реагираше на веста дека двајца Албанци се прогласени за нон – грата од Србија, кои беа таму за да учествуваат на семинар. Во реакцијата, Министерството за надворешни работи информира дека го повикало на средба амбасадорот на Република Србија, Слободан Вукчевиќ и ја изразил својата загриженост за овој случај.

Министерството вели дека побарало од српските власти да ја разгледаат оваа одлука и да спречат вакви настани да се повторат во иднина.

Српското Министерство за внатрешни работи, МНР и Агенцијата за информации и безбедност не одговорија на прашањата на Радио Слободна Европа за конкретната закана од депортираните лица работилница, во одговор за Радио Слободна Европа рече дека на 21 јануари, доцна во вечерните часови, српските власти испрашувале 13 учесници од девет земји, по што им бил забранет влез во Србија една година, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Коха: „Помеѓу благословот и проклетството на неукоста на Трамп“

“Иако половина од овие одлуки никогаш нема да се спроведат, нивното издавање создаде вистински хаос во американскиот јавен дискурс бидејќи никој немаше време да разговара за ниту една од овие одлуки, а камоли за сите 26 одлуки.

И токму тоа беше целта на Трамп – да создаде хаос каде перцепцијата на јавноста ќе биде дека Трамп прави нешто, но никој во овој момент нема да разговара што точно прави. Тоа убаво се виде и на прес-конференцијата на Трамп, на која ни тој самиот не разбра што точно потпишува.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Помеѓу благословот и неукоста на Трамп“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ