• Latest

Кој по ѓаволите е Илон Маск!? Се дрзна да им држи лекции на Германците – и на светот – за демократија и соочување со минатото

January 27, 2025

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

April 22, 2026

Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

April 22, 2026

Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

April 22, 2026
Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026
Гордана Дувњак (1965–2026)

Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

April 21, 2026
Петар Колев

Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

April 21, 2026

Од аздисаност до изгубеност

April 20, 2026

Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

April 20, 2026

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Кој по ѓаволите е Илон Маск!? Се дрзна да им држи лекции на Германците – и на светот – за демократија и соочување со минатото

January 27, 2025 12:38
in АНАЛИЗИ, ДЕМОКРАТИЈА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Токму така – кој по ѓаволите е Илон Маск да им држи лекции на Германците – и на светот – за демократија, слобода на говор, национална гордост и – WTF!? – соочување со минатото!?

Најбогатиот човек на светот е технолошки лик, тоа е јасно. Истовремено е и сопственик на социјална мрежа, не медиум, иако може лесно да купи еден или повеќе медиуми за пет минути, само за да се спротивстави на овој став. Овој технолошки магнат, кој наследи богатство од татко му, сопственик на рудници за смарагди, и кој заработи голем дел од своето богатство преку зделки со владата на САД – значи, од џебовите на американските даночни обврзници – одлучи да стане самопрогласен креатор на политиките во САД, но и глобално. Тој прерасна во своевиден „апсолутист на слободниот говор“ кој воопшто не прави разлика меѓу екстремен говор на омраза и слобода на говор.

Технолошкиов се поврза со авторитарните и екстремно десничарски фигури и групи во Европа. И сега, кога се ближат клучните избори во Германија (23 февруари), неговото лицемерие и крајно непознавање на нештата стануваат, всушност, прилично опасни. Додека повикува на демократија, човекот кој направи јасен „Зиг Хајл“ поздрав на инаугуративниот настан на Доналд Трамп на 20 јануари, опасно ја загрозува демократијата и изборниот интегритет во една европска земја – овој пат во Германија.

Илон Маск, непоканет (во политичка и историска смисла на зборот) и без каква било легитимност и кредибилитет, без познавање и разбирање на основите на демократија, историја и вредности – не знаејќи ништо за европските контексти – тоне во калта на екстремниот десничарски национализам и омраза. Начинот на кој ја поддржува германската АФД (Alternative für Deutschland – Алтернатива за Германија) ги поткопува самите темели на демократските вредности и изборниот интегритет на Германија – вредности што тој лажно тврди дека ги поддржува.

АФД е позната по своите ксенофобични и ултранационалистички политики и долго време е под критичка, но и безбедносна лупа поради очигледната врска со екстремно десничарските идеологии и флертувањето со ревизионистичката историја.

Појавувањето на Маск на митингот на АФД не беше само погрешен чекор.  Тоа беше еден од најдрските обиди да се афирмира најмрачниот период на Германија. Воедно, ја поткопува и демократската сегашност на земјата со напад врз фундаментите на демократијата.

Иронично, сето ова е навредливо дури и за самата АФД. Како е можно членовите на оваа партија да не го гледаат тоа? И лидерката на оваа десничарска партија во експанзија, г-ѓа Алиса Вајдел, изгледа како да е заслепена од сјајот на богатството на неурамнотежениот милијардер. Срамно е благ израз за оваа ситуација.

Со дидактичен тон во својот настап, Илон Маск се однесува патерналистички кон лидерката на АФД и нејзините поддржувачи. Неговите „мудри мисли“ за минатото не беа ништо друго освен груб обид за белеење на историјата. Повикот на Маск да „продолжиме понатаму“, за ослободување од „вината за минатото“ не е само непримерен тон на изразување. Тој одразува еден наратив на крајната десница кој ги минимизира ужасите на нацизмот и ги поткопува напорите на Германија за соочување со минатото. Маск се обидува да ги избрише или релативизира тешките лекции од Втората светска војна, не само за Германците, туку и за цела Европа и светот, а тоа е дека диктатурите, агресијата, негирањето на правото на народите за самоопределување и негирањето на фундаменталните човекови права и слободи водат до разорни и трајни трагични последици.

Општо позната е децениската пракса и посветеноста на Германија со ставот „никогаш повеќе“. Тоа не е само фраза, туку е основа на германската модерна демократија и се одразува во образованието, меморијалите и законите кои обезбедуваат одговорност за говор на омраза, екстремизам и нацизам. А сега, најбогатиот човек на планетата доаѓа од преку Атлантикот за да го омаловажи сето тоа? Тоа е длабоко вознемирувачка постапка што мора да го вклучи алармот, како во Германија, така и насекаде во Европа и пошироко.

Маск користи и суптилни националистички повици. Неговите изјави за „зачувување на германската култура“ и целосното отфрлање на мултикултурализмот директно се совпаѓаат со ксенофобичните концепти. Тој едноставно не го разбира концептот на културата, ниту пак концептот на мултикултурализам. Тој го отфрла мултикултурализмот како нешто што ја разредува германската култура. Колку и да е неинформирана оваа изјава, таа е крајно провокативна и деструктивна.

На крајот, финансиската и јавната поддршка на Маск за АФД не само што ја загрозува демократската структура на Германија, туку и стабилноста на ЕУ.

Постапките како што беше наци-поздравот на Маск и неговото ладно отфрлање на критиките не се само провокации на богат и размазен ексцентрик. Тие се злонамерни сигнали кои ја охрабруваат крајната десница насекаде низ светот. Тој се обидува да ја тривијализира историјата и да ја десензибилизира јавноста за реалните опасности од авторитаризмот и екстремизмот. И дефинитивно го разоткриваат Маск како крајно неодговорна и нечесна фигура на глобалната сцена.

Флертот на Маск со авторитаризмот не е уникатен ни сега, ни во минатото. Повеќето богаташи биле и се рамо до рамо со авторитарните режими и диктатури во светот. Но глобалното влијание што го има Маск ги прават неговите постапки уникатно опасни.

Германија, Европа и светот не смеат да дозволат богатството и влијанието да го заштитат Илон Маск од одговорност. Ако не бидат соочени со решителна критика и отфрлање, неговите постапки ќе ги охрабрат оние кои сакаат да ја напишат историјата одново и да ги поткопаат демократијата и човековите права. Демократските сили мора да покажат решителна посветеност – подобро кажано, да ја обноват посветеноста кон вредностите кои ги загрозуваат постапките на Маск и ликови како него. Време е јасно и недвосмислено да се каже: Кој по ѓаволите е Илон Маск да им држи лекции на Германците – или на кој било друг – за демократијата?

Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Кремљовски шепотења

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ