• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Граничниот премин Блаце со месеци е „место за мачење“ на патниците; Приштина прогласи вонредна состојба поради отпадот; Косовските политички партии засилено во предизборната кампања

February 3, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Граничниот премин Блаце со месеци е „место за мачење“ на патниците; Приштина прогласи вонредна состојба поради отпадот; Косовските политички партии засилено во предизборната кампања

February 3, 2025 12:24
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските медиуми се осврнуваат на долгите редици од двете страни на граничниот премин Блаце, што со месеци трае и е голем предизвик за патниците од двете држави.

Градоначалникот на косовскиот главен град Приштина, прогласи вонредна состојба поради лошото менаџирање со отпадот низ градот.

Во Албанија, според официјалните бројки на Централната изборна комисија, бројот на запишани странски гласачи достигна 117.096, додека до денеска до 11:20 часот одобрени се 71.945 барања.

Во продолжение се поместени сите содржини од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Експрес: Блаце, границата која ги малтретира Албанците од Македонија и Косово

Иако другите граници се испразнети од долги колони патници по враќањето на иселениците од зимскиот одмор, Блаце останува постојан  предизвик за граѓаните на Северна Македонија и Косово.

Повеќе од 7 месеци се соочуваат со постојано малтретирање на овој граничен пункт, соочени со долго чекање и неприфатливи услови.

Оваа состојба предизвика голема вознемиреност и го влоши искуството на граѓаните кои ја минуваат оваа граница. И покрај овие тековни проблеми, надлежните органи, меѓу кои и заменик министерот Астрит Исени, продолжуваат да молчат.

Досега, не е даден официјален одговор за решавање на оваа ситуација, пишува косовскиот медиум Газета Експрес.

Зери: Засилени предизборни активности на политичките партии

Како што се наближуваат  зборите на 9 февруари, политичките партии продолжуваат со активности за предизборната кампања.

Кандидатот за премиер од редовите на ЛДК, Лумир Абдиџику денеска го започнува денот со изборен митинг во Липјан, продолжувајќи со средби со жителите на трите села Штиме, во Војноц, Музеќине и Рашница.

Движењето Ветевендосје денеска ќе одржи изборен митинг во Гњилане,  коалицијата за победничко Косово одржува митинзи во Дренас и Призрен.

ААК со коалиционите партнери ќе одржи и други собири во селата, градските населби и месните заедници, пренесе Зери.

ТВ 21: Приштина прогласи вонредна состојба за управување со отпадот

Градоначалникот на Приштина Перпарим Рама и директорот на јавните служби Беким Брестовци денеска ја соопштија вонредната состојба со управувањето со отпадот во главниот град.

Рама, на прес  конференција рече дека состојбата во управувањето со отпадот во главниот град се влошува.

„Одлуката за прогласување вонредна состојба се заснова на резултатите постигнати во текот на 2024 година по преземањето вонредни мерки за подобрување на управувањето со отпадот. Еден од главните чекори беше вклучувањето на економските оператори во централното подрачје и снабдувањето на локациите со нови контејнери, што влијаеше на зголемување на квалитетот на услугите и создавање почиста средина за граѓаните.“, рече меѓу другото градоначалникот на Приштина, пренесе ТВ 21.

Репортери: Градоначалникот на Зубин Поток добил закани преку социјалните мрежи

На градоначалникот на Зубин Поток, Измир Зеќири, по четврти пат преку социјалните мрежи му се заканува исто лице.

Во врска со ова, Зеќири се огласи преку објава на Фејсбук.

„По четврти пат ми се заканува преку социјалните мрежи од истиот криминалец. Оваа кукавица на МУП на Србија ми се заканува со убиство и ги навредува Хероите и историските личности на албанскиот народ, вели Зеќири, пренесе Репортери.

АЛБАНИЈА

Ора Њуз: Гласање од странство, над 117 илјади регистрирани, одобрени 71 945 барања

Албанските гласачи кои живеат во странство, годинава првпат имаат можност да учествуваат со гласање на парламентарните избори на 11 мај.

Процесот за пријавување во Електронската платформа за гласање (ЕПИ) започна на 11 јануари и ќе трае до 4 март.

Според официјалните бројки на Централната изборна комисија, бројот на запишани странски гласачи достигна 117.096, додека до денеска до 11:20 часот одобрени се 71.945 барања, пренесе Ора Њуз.

КОЛУМНА

Коха: „Сите имаат  поважна работа од дијалогот“

Соренсен ја презема задачата да го олесни дијалогот кога овој процес е во многу понеизвесна состојба отколку кога Лајчак ја презеде оваа функција пред пет години. Сите „засегнати страни“ (Stakeholders) во дијалогот имаат поважна работа од дијалогот.

Затоа, очекувањата не се толку големи. На Косово му претстојат избори и после нив ќе има тежок процес на формирање Влада. Србија се соочува со драматични случувања, кои за првпат ја разнишаа моќта на претседателот Вучиќ и покрај силната поддршка што ја има од ЕУ и САД“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „Сите имаат поважна работа од дијалогот“, објавена во косовскиот дневник „Коха“.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ