• Latest

И САД ги поддржуваат НАТО и ЕУ за доделување на мандатот за нова влада

February 27, 2017

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И САД ги поддржуваат НАТО и ЕУ за доделување на мандатот за нова влада

February 27, 2017 23:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се согласуваме со ставовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, за формирањето влада. Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и институции и да се фокусираат на нивната заедничка заложба – да се спроведат клучните реформи. Само на тој начин, Македонија ќе напреднува во своите стратешки цели за членство во НАТО и во Европската унија, нешто што САД одамна го поддржуваат. Тоа е во согласност со нашите претходни изјави и со изјавата на амбасадорот (Џес) Бејли дадена во интервјуто на ‘Сител’ на 18 февруари“, се вели во одговорот на амбасадата на САД, на прашањето на агенцијата Мета, за ставот на Амбасадата во однос на изјавите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и на евроамбасадорот за проширување на Унијата, Јоханес Хан.

Столтенберг пренесувајќи го ставот на НАТО во однос на политичката криза во Македонија, изјави дека очекува да се додели мандатот за формирање влада и ги повика сите страни на воздржаност во изјавите и во дејствата.

„Декемвриските избори во 2016-та година беа забележани од страна на меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавање на кризата. Тие беа оценети дека се добро организирани и без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, сега е објавено дека, во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи на пратениците“, истакна Столтенберг.

Претходно, и Хан сподели сличен став. Тој очекува дека очекува претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот за формирање нова влада и додаде дека промените во демократските општества се природни и треба да бидат прифатени, кога се резултат на веродостојни избори.

„Прифаќање и почитување на изборните резултати и правото на лидерите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија. За попречување и за поткопување на таквите напори, нема место во демократскиот процес. Оттука, очекуваме сите страни да ги почитуваат демократските принципи и стандарди, да се вклучат конструктивно за да се најде основа за заедничка работа и за соработка, наместо да се трага по можности за поткопување на едни со други. Таквите пристапи во минатото ја однесоа земјата во криза. Тие мора да се избегнуваат од сите страни, без разлика дали се во владата или се опозиција. И владата и опозицијата имаат улога и значење во функционирањето на демократија и ја формираат иднината на земјата“, изјави Хан.

Ставот на Хан, беше критикуван од пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој на својот Фејсбук профил, напиша:  „Кога веќе решивте на претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот, добро е и да кажете што мислите за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100 пратеници, но без редефинирање на државата, без двојазичност на целата територија, без бинационалност, а со зачувување на унитарноста, името и на македонскиот идентитет? Велевте дека треба поширока поддршка на владата, еве ја. Ако еднаш го прекршивте ветувањето дека нема да се мешате, повелете и вторпат, одговорете“.

„Како што и претходно соопштивме, нема да шпекулираме за составот на владата и за нејзината програма. ЕУ едноставно очекува брзо формирање на нова влада, со широка политичка поддршка, која силно ќе се посвети на европските реформи и ќе ги имплементира сите делови од Договорот од Пржино, како и реформските приоритети“, се вели во реакцијата на Европската комисија, „одговор“ на повикот на Димовски.

М. Т.

Tags: владаЕУИлија ДимовскиЈоханес ХанмандатНАТОреакцијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ