• Latest
Адмир Лисица (фото извор: ФБ профил)

(ВИДЕО) Адмир Лисица, историчар и истражувач: Хегемонистичките аспирации на Србија се непроменети од 19-от век

February 27, 2025
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Адмир Лисица, историчар и истражувач: Хегемонистичките аспирации на Србија се непроменети од 19-от век

February 27, 2025 21:17
in ИНТЕРВЈУ, РЕГИОН, ТОП 5
Адмир Лисица (фото извор: ФБ профил)

Адмир Лисица (фото извор: ФБ профил)

Share on FacebookShare on Twitter

Во ова издание на подкастот Текови (Currents) разговараме со Адмир Лисица, историчар и истражувач, специјализиран во областите политичка историја, меѓународна политика и заедници во дијаспората. Автор е на четири книги, меѓу кои „Приказни од дијаспората и бошњачката емиграција“ и бројни научни трудови. Во моментов Лисица ги анализира изборните процеси и радикалниот десничарски раст во Европа. Тој е директор на Центарот за геополитички истражувања „Геопол“ со седиште во Сараево.

Нашиот соговорник е запаметен и по неговото учество на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ што се одржа минатиот декември во Скопје, но и во неколку други интервјуа за ЦивилМедиа, меѓу кои и тоа каде што тој не ги крие мрачните прогнози за тоа што може да се случи ако плановите на лидерот на Република Српска, Милорад Додик, се реализираат.

Во подкастот, во кој разговараме на босански јазик, Лисица одговара на голем број прашања за актуелните состојби во БиХ, регионот Западен Балкан, светот и Украина.

Тој зборува за состојбата во БиХ во овој период, особено по пресудата на судот на БиХ за Додик, според која тој е прогласен за виновен поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Тој е осуден на една година затвор условно, но и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС, што е особено значајно. Лисица говори за реакциите во јавниот, политичкиот и медиумскиот сектор по оваа пресуда, истакнувајќи дека тоа е победа на државата БиХ, што се совпаѓа и со ставот на Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, кој претходно даде интервју за ЦивилМедиа.

Нашиот соговорник во детали говореше за политиката на Србија кон соседните земји, за хегемонизмот, во историски рамки и денес. Тој тврди дека дури и поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, чиј премиерски мандат, започнат во 2001, беше прекинат со атентатот во 2003 година, не се разликувал многу од тие што дојдоа по него по прашањата за БиХ, како и за Косово.

Посебно интересни се согледувањата на Адмир Лисица во доменот на процесите за соочување со минатото, кои ги оценува дека се, за жал, многу далеку од тоа како тие процеси се одвивале во Европа, давајќи го примерот на Германија и Франција.

Неизбежно, разговаравме и за тоа како политиката на новиот американски претседател Доналд Трамп влијае врз БиХ и регионот и за тоа какви се перспективите на Балканот во овој контекст. Воедно, стана збор и за политиката на ЕУ во овој период, каде што уште еднаш го разгледавме ставот што Лисица го изнесе на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје, кога изјави дека ЕУ не ѝ дава поддршка на Босна во овој клучен период и дека е потребна цврста одлука на ЕУ во политиката на проширување.

На крајот, разговаравме и за перспективите на Украина и нејзината борба за ослободување. Тој е скептик дека Украина ќе дојде до целта – слобода на целата територија и воспоставување одржлив мир, при што со критички поглед се осврна на политиката на Трамп. Што се однесува до позициите изнесени од европските лидери и премиерот на Канада, Џастин Трудо, нашиот соговорник смета дека тоа е значајно, но се прашува дали Украина ќе издржи.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ