.Денес НАТО мора да биде смел и решителен во своите постапки. Затоа, пред неколку дена поднесов официјално барање до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да се зголемат трошоците за одбрана на минимум 3% од БДП од сите членки на НАТО, на претстојниот Самит во Хаг. Немаме повеќе време за дискусија. Ни треба одлука. Мора да дејствуваме сега, рече полскиот претседател Анджеј Дуда на 26-годишнината од пристапувањето на Полска во НАТО.
Пред 26 години, на 12 март 1999 година, Полска, поранешната членка на Варшавскиот пакт, официјално се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор – НАТО.
Со заклучувањето на овој потег, Варшава ја зацементира својата поврзаност со западниот свет, и доби гаранција дека ако биде нападната, целата алијанса ќе застане во нејзина одбрана.
Драган Мишев