• Latest

Фијаско на провладините медиуми: Фатени во лага, во паника бришат постови и спинуваат

March 25, 2025
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фијаско на провладините медиуми: Фатени во лага, во паника бришат постови и спинуваат

March 25, 2025 14:30
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Неформална“ група провладини медиуми вчера побрзаа да објават дека на протестот на иницијативата “Кој е следен” за 59-те жртви од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ имало далеку помала масовност од најавуваната (+инфо); само неколку стотини луѓе се појавија (Лидер); народот ги свати (со В наместо сфати, можеби од брзање, а не поради недоволна писменост н.з.) обидите за злоупотреба на трагедијата, околу 300 луѓе на вечерашниот протест на плоштад (Курир); само стотици граѓани излегоа на марш, препознаени политичките игри за злоупотреба на несреќата (Република).

Во веќе познатите манири на владините медиуми, објавите беа проследени со фотографии направени пред почетокот на маршот, кога сé уште граѓаните се собираа на плоштад, за да се долови „лагата“ дека имало само стотина, со етикетирање и дисквалификација на учесниците (осудениот за палењето на канцеларијата на претседателот Иванов, Борјан Ефтимов), произволните пребројувања (Според независни извори!?, на протестот во понеделникот вечер учествувале околу 3.000 граѓани, додека опозициските медиуми се пофалија дека биле над 10.000), користејќи паралели со веќе демантирани видеа, и со други собири кои не се во корелација со маршот во организација на „Кој е следен?“

Ден потоа, откако беа демантирани од видеата споделувани на независни медиуми и социјалните мрежи на кои се гледа учество на илјадници граѓанки и граѓани. Слеани во река од народ како се движат по маршутата од плоштад кон Влада, дел од нив се обидоа да ги сокријат објавените дезинформации, бришејќи го објавите, но трагот остана.

Дел од нив пробаа, како што самите признаваат, по бројните критики дека ја промашиле бројката на демонстранти на вечерашниот протест во Скопје, патетично, во 1:54 по полноќ,  да се оправдаат со младиот пленумец со мегафон кој кажа дека студентите не сакаат новинари, а тие му удоволиле и не испратиле новинарска екипа на протестниот марш, па така бројката на демонстранти морале да ја одредат произволно и така некако им личело дека има неколку стотини???

Момчето со мегафонот беше на пленумот организиран на платото во УКИМ во 13 часот на пладне, додека протестниот марш беше на Плоштадот Македонија, во центарот на Скопје со почеток во 18:59 часот. Различно време, различна локација, различни организатори!

Ова се некои нови генерации, и ваквите наивни лаги тешко проаѓаат.

Драган Мишев

Tags: дезинформациипровладини медиумипротестен марштрагедија во Кочани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ