• Latest

Коментар од Амбасадата на Украина: Руската пропаганда е информативно оружје – медиумите мора да бидат одговорни

April 16, 2025

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Коментар од Амбасадата на Украина: Руската пропаганда е информативно оружје – медиумите мора да бидат одговорни

April 16, 2025 16:15
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИСКУРС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Украина во РСМ објави остра реакција на руските дезинформациски наративи кои се појавија и во дел од македонските медиуми.

„Со длабока загриженост и огорченост ја осудуваме објавата на содржини во македонските медиуми што се засноваат на отворено дезинформативни наративи, создадени и распространети од руската пропагандна машинерија. Вестите под наслови „Се подготвува марш кон Киев и соборување на Зеленски?“ и „РИА Новости“: Се подготвува марш кон Киев и соборување на Зеленски“ објавени во Кумановски Муабети и Слободен печат, со повикување на руското изворно РИА Новости, се пример на манипулативна информативна кампања чија цел е дестабилизација на украинското општество, поткопување на довербата во легитимното раководство на државата и дискредитација на борбата на Украина за слобода и независност“, се вели во реакцијата на украинската амбасада.

Амбасадата ги повика македонските медиуми да ги проверуваат фактите и да се воздржат од пренесување руску пропагандни пораки.

„Ги повикуваме македонските медиуми да се придржуваат до новинарските стандарди, да ги проверуваат фактите, да се воздржуваат од пренесување на руски пропагандни пораки и одговорно да се однесуваат кон изворите на информација. Во услови на војна, кога Руската Федерација секојдневно користи информативно оружје со иста жестина како и ракетите насочени кон детски игралишта, ширењето на лажни вести во земја што е членка на НАТО е неприфатливо“, се вели во реакцијата.

Борбата против дезинформациите е заедничка обврска на сите, реагира Амбадата на Украина во нашата земја.

„Европските држави треба да застанат во одбрана на вистината, демократијата и слободата. Затоа борбата против дезинформацијата е заедничка обврска на сите – новинарите, политичарите и граѓанското општество. Украина високо ја цени поддршката од своите партнери и искрено се надева дека за подмолните и манипулативни наративи повеќе нема да има место во информативниот простор на земја што ги споделува европските вредности“, реагира украинското дипломатско претставништво.

Според амбасадата, Русија не е заинтересирана за прекин на огнот и дека дезинформациите се дел од арсеналот на агресорот.

„Руската Федерација не е заинтересирана за прекин на огнот – ширењето на дезинформации е еден од инструментите за поттикнување на смртоносниот оган“, стои во заклучокот на јавната реакција на Амбасадата на Украина во РСМ.

Претходно, ЦИВИЛ објави извештај од својот мониторинг на дезинформациите, објавен на англиски јазик на интернет порталот Civil.Today што беше прифатен од голем број релевантни аналитичари и лидери во граѓанското општество во Европа и САД.

Џ. Д.


ПРОПАГАНДАТА НА КРЕМЉ ПОВТОРНО НАПАЃА: Лажните тврдења за бунт шират дезинформации во обид да го дестабилизира моралот на фронтот и водството во Украина

Tags: дезинформацииМедиумипропагандаруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ