• Latest

Јанева: И покрај проблемите во соработката со институциите, ќе обезбедиме еднаков третман на сите граѓани!

March 15, 2017

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанева: И покрај проблемите во соработката со институциите, ќе обезбедиме еднаков третман на сите граѓани!

March 15, 2017 16:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство го објави извештајот за активностите за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, што се однесува на период од последните шест месеци, односно од 15 септември 2016, заклучно со денеска.

„Ова јавно обвинителство и во текот на извештајниот период остана конзистентно во намерата да обезбеди независно, непристрасно и професионално водење на истрагите по однос на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Како Јавен обвинител за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, цврсто сум убедена дека на овој начин ќе успееме да обезбедиме почитување на начелото на еднаков третман на сите граѓани пред Уставот и законите“, вели специјалната обвинителка Катица Јанева во извештајот.

„Од структурата по кривични дела што е составен дел на Извештајот, може да се констатира дека најголемиот дел од кривичните дела за кои постои основано сомневање дека се сторени, се однесуваат на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и тоа најголем дел – потешкиот облик на ова кривично дело на штета на буџетот на Република Македонија“, стои во извештајот.

„Во наведениот период, интензивно се работеше на отворените предистражни постапки, во чии рамки особено внимание беше посветено на истражувањето на одделни настани што произлегуваат од материјалите со кои располага ова Јавно обвинителство, а кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Напредокот постигнат во еден дел од отворените истражни постапки, очекувам дека во скоро време ќе резултираат со донесување на јавнообвинителски одлуки и поднесување на обвиненија“, велат од СЈО, осврнувајќи се на изминатите шест месеци.

Извештајот ги содржи и очекувањата на оваа институција за следниот период.

„Во наредниот шестмесечен период очекувам, пред сè, во целост да се нормализира соработката со институциите и органите во земјата, во рамки на законските овластувања, со цел да се овозможи непречена и ефикасна работа на Јавното обвинителство што е во интерес на правдата и на сите граѓани на Република Македонија. Иако во извештајниот период ова Јавно обвинителство продолжи да наидува на проблеми во остварување на соработка со правосудните и други институции, изразувам уверување дека во периодот што следи, оваа соработка ќе биде унапредена и сите тела државни органи и институции надлежни за спроведување  закони, ќе обезбедат помош по барање на ова Јавно обвинителство, согласно со Законот за кривична постапка“, вели Јанева, посочувајќи ги пречките и притисоците со кои се соочува СЈО во континуитет.

Ова е трет шестмесечен извештај на Специјалното јавно обвинителство. СЈО треба Извештајот да го достави до Собранието на Република Македонија, што претставуваше досегашна пракса утврдена со закон, по што следуваа пратенички прашања на кои одговараше обвинителката Јанева.

Поради тоа што Собранието не функционира, СЈО Извештајот денеска го објави на својата официјална веб- страница.

Tags: извештајКатица Јаневаприслушкувани разговорипритисоциСЈОСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ