Во интервјуто за ЦивилМедиа, Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија, меѓу другото зборува и за последиците од блокираниот стратешкиот интерес на државата на патот на Северна Македонија кон ЕУ и предизвиците кои ги носи за стабилноста и меѓуетничките односи во земјата.
Пред нас е нова општествена криза, која во себе ќе ги содржи и политичката и економската криза, а која ќе биде надополнета со нарушување на меѓуетничките односи, смета Хоџиќ.
Хоџиќ додава дека самиот момент кога вие го блокирате стратешкиот интерес на државата, можете да имате и 120 пратеника, вие во општеството ќе имате криза, затоа што мнозинството граѓани сакаат членство во Европската Унија, мнозинството граѓани сакаат реформи.
Една од најголемите лаги кои ни се случени нас во овој периот е тоа дека : е па добро, блокиран ни е патот, ние самите ќе си ја донесеме Европа дома. Тоа е невозможна мисија. Да сме можеле тоа да го направиме, ќе сме го направеле во овие 30и кусур години, истакна претседателот на СДА Македонија во интервјуто за ЦивилМедиа.
Драган Мишев
камера и фотографија: Ариан Мехмети
Целото интервју погледнете го тука.