• Latest

ВМРО-ДПМНЕ подготвува митинг за Хан!

March 20, 2017

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ подготвува митинг за Хан!

March 20, 2017 14:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, утре треба да пристигнат во Македонија. Очекувањата од нивната посета се големи, а секоја од страните кои се дел од политичката криза во земјата, има различни пораки и барања од еврокомесарот.

Од ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат дека до Хан ќе испорачаат три барања.

„Прво, очекуваме јасно да ја осуди Тиранската платформа и јасно да осуди мешање на странски држави во внатрешните работи на Република Македонија. Втора работа што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува од комесарот и од Европската унија е да се почитува правилото при формирање на Влада кое значи, победникот во македонскиот, секогаш да коалицира со победникот во албанскиот блок. И трето, да се испочитуваат преку 200.000 луѓе кои секој ден се низ сите градови во Македонија и имаат свој став“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ сметаат дека нема што му пренесат на еврокомесарот, а што претходно не е соопштено и што тој и ЕУ не го знаат.

„Имаме јасно изразена волја од мнозинството граѓани и мнозинството во Собранието треба да ја формира новата влада. Не треба ние ништо да им кажеме, самата ЕУ во последниот извештај ја категоризираше Македонија како заробена држава. Македонија се ослободи на минатите избори, а сега е во заложништво, само на еден единствен човек, а тоа е Никола Груевски. Многу бргу ќе дојде денот кога ќе се состане Собрането, ќе се избере претседател на Собранието и Македонија ќе добие нова демократска влада“, е ставот на партијата што вчера го пренесе потпретседателот, Дамјан Манчевски.

И од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со порака до Хан. Оттаму, за утре најавуваат масовен протест.

„Јасно, гласно и недвосмислено сите заедно, граѓаните на Македонија пред комесарот на Европската унија, Јоханес Хан, да кажеме не – за влада која ќе работи според тиранската платформа, не – за рушење на унитарноста на државата. Сите заедно да ги претставиме нашите црвено- жолти линии, кога ако не сега“, се вели во повикот на иницијативата.

Што се однесува до ставот на Хан во однос на политичката криза, тој ја осуди одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот, а мешањето на албанскиот премиер Еди Рама во политиката на албанските партии во земјава, го оцени како контрапродуктивно и ја обвини Русија дека „додава масло на огнот“.

Според неофицијални податоци, дел од агендата на Хан во Скопје, се средбите со парламентарните политичките партии, со претседавачот на конститутивната собраниска седница Трајко Вељаноски и со претседателот Ѓорге Иванов. Хан нема да се се сретне со претставници на граѓанскиот сектор.

 

 

Tags: владаВМРО-ДПМНЕЕвропска УнијаЈоханес Ханмандатполитичка кризаСДСМСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ