• Latest

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025 16:26
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

Со доаѓањето на Владимир Путин на власт во 2000 година, воената парада во Москва по повод Денот на победата 9 Мај се користи како клучен елемент на неговата домашна пропаганда, зајакнување на „патриотизмот“, глорифицирање на руската војска и да ја мобилизира јавноста пред западната „закана“ за Русија. Како што јавуваат агенциите, на парадата оваа година учествуваа околу 10.000 воени лица, вклучувајќи војници од многу други земји, како и руски воен персонал кој се борел во Украина.

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

Од Амбасадата на Украина велат дека Русија повторно ќе организира парада, која со години не служи толку за оддавање почит на жртвите од Втората светска војна, колку што е алатка за пропаганда. Дури и најавата за тридневен прекин на огнот покажува дека за Москва се поважни парадите и милитантната пропаганда отколку зачувувањето на човечки животи и обновата на мирот.

Дури и во време на глобална несигурност, Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

Денес, 75 години по објавувањето на Шумановата декларација, Европа е повеќе од Унија, таа е наш дом и можеме да бидеме горди на неа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео порака по повод Денот на Европа – 9 мај.

– Пред точно 75 години, еден визионерски лидер предложи Шумановата декларација да биде првиот чекор кон нашата Европска Унија и тоа беше почеток на најдолгата ера на мир во нашата историја, истакна Фон дер Лајен.

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

Низ Европа, но и во светот, денеска се одбележува Денот на Европа, ден што ги слави „мирот и единството во Европа“, прославен на 5 мај од страна на Советот на Европа и на 9 мај од Европската Унија.

Првото признание за Денот на Европа го направи Советот на Европа, воведен во 1964 година Европската Унија подоцна почна да го слави својот Европски ден во спомен на Шумановата декларација од 1950 година, во која првпат беше предложена Европската заедница за јаглен и челик, што доведе до тоа некои да го наречат „Ден на Шуман“ или „Ден на обединета Европа“. И двата дена се слават со истакнување на знамето на Европа.

Историски факти: Западот наспроти Истокот, два датума, една победа над фашизмот

Денот на победата во Европа е денот кога се одбележува формалното прифаќање од страна на Сојузниците во Втората светска војна на безусловната капитулација на германските вооружени сили на 8 мај 1945 година (вторник);  го означи официјалното завршување на сите германски воени операции.

Повеќето поранешни советски земји, како и некои други, го слават овој ден на 9 мај, бидејќи безусловната капитулација на Германија стапи на сила во 23:01 часот на 8 мај според средноевропско летно време, што одговара на 00:01 часот на 9 мај по московско време.

Неколку земји секоја година го одбележуваат овој ден како државен празник, кој исто така се нарекува Ден на победата над фашизмот, Ден на ослободувањето или Ден на победата. Во Обединетото Кралство, денот често се скратува како VE Day, кратенка што постои уште од септември 1944 година, во очекување на победата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани.

💬 Симбол на врзани раце на еден народ, на заглавените институции, на систем што заборава побрзо отколку што гасне пожар ‼️#Кочани сè уште боли. pic.twitter.com/YIxvRFdVMd

— Support Kocani (@SupportKocani) May 9, 2025

-Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари.

РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

Додека Албанија го отвора третото поглавје во преговорите за членство во ЕУ, Косово се соочува со политичка криза и санкции од Европската Унија, пишуваат албанските и косовските медиуми.

Албанија е пред самиот почеток на парламентарните избори, а во Косово ниту по тринаесеттиот обид, не се конституира собранието.

СВЕТ

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

Велика Британија денеска објави нов пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот на повеќе директори на нафтената трговска компанија „Coral Energy Group“, која сега е позната како „2Rivers Group“.

(НЕ)БЕЗБЕДНОСТ

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип. Во болницата е донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани. Лекарите пробувале да го реанимираат, но обидите биле несупешни.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото, соопштија од МВР.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Исламот, во свеста на современите Македонците, доминантно не се поврзува со историското наследство, или пак со Турците или Бошњаците, кај нас, туку речиси исклучиво со Албанците. Иако и тие, како и Македонците, кои се и католици, протестанти и муслимани, се и католици и православни. Но, нивниот втор “грев”, покрај тоа што се Албанци, е и што се (и) муслимани“, пишува Никица Корубин во коментарот „(Де)исламизирана албанофобија“.

*

„Да, мајките на 62 главно деца пред неполни два месеци ги пуштиле децата во диско клуб во Кочани и … треба ли да му се кажува на премиерот што се случило на 16 април? Има ли некаков бришач на меморијата во неговата глава кој ги прави исчезнати и такви крупни настани за кои пишуваше целиот светски печат!? Зошто тогаш бараме оставки кога ги нема во сеќавањата за таков шокантен настан од кои останаа и 200 лица над чие здравје ќе се тресеме целиот нивни живот, во текот на нивната младост, секако. Да, нивните мајки нема да ги пуштат на улица, нема да можат и да сакаат. Какво отсуство на сочувство, а ако тоа го нема за ваков настан, зошто би ги имало во другите сфери? Можно ли е без тоа чувство да се води држава, бидејќи политиката единствена цел треба да ги има – граѓаните и нивните потреби и чувството на безбедност!“, пишува Љубомир Костовски во коментарот „Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја““.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ