• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово ќе прифаќа депортирани мигранти од САД; Триесет неуспешни обиди за конституирање на косовското собрание; Истрагата за Илир Мета продолжена за уште шест месеци

June 11, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
Илустрација: ВИ

Говор на омраза – потенцијал за тензии, поларизација и насилство, што е што во изборен контекст

August 14, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово ќе прифаќа депортирани мигранти од САД; Триесет неуспешни обиди за конституирање на косовското собрание; Истрагата за Илир Мета продолжена за уште шест месеци

June 11, 2025 13:52
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Владата  на Косово потврди за Радио Слободна Европа дека изразила подготвеност да соработува со Соединетите Американски Држави во врска со приемот и привременото преселување на државјани од трети земји во Косово, „во согласност со утврдените услови“.

Конституирањето на косовското собрание не успеа по 30-ти пат, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од  денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Косовската влада изрази подготвеност да прифаќа мигранти депортирани од САД

Владата  на Косово потврди за Радио Слободна Европа дека изразила подготвеност да соработува со Соединетите Американски Држави во врска со приемот и привременото преселување на државјани од трети земји во Косово, „во согласност со утврдените услови“.

„Во период од една година, до педесет лица можат да бидат привремено преселени, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло. Владата изрази подготвеност да се ангажира, со можност за избор на лица од предложен список, доколку ги исполнуваат одредени критериуми во врска со владеењето на правото и јавниот ред“, изјави за Радио Слободна Европа Перпарим Криезиу, портпарол на вршителот на должноста влада.

Блиц: 30 неуспеси – застојот во Собранието продолжува

Конституирањето на косовското собрание не успеа по 30-ти пат, објави „Газета Блиц“. 52 пратеници гласаа „за“, немаше воздржани и немаше против.

Претседателот на седницата, Авни Дехари, изјави дека следната седница ќе продолжи во петок, 13 јуни, во 11:00 часот.

Еуроњуз: Бизнисмените протестираат против либерализацијата на пазарот на електрична енергија

„Не го запирајте нашето производство“, „Брза либерализација на електричната енергија – монопол, а не конкуренција“, „Без транспарентност, нема слободен пазар“, ова се дел од транспарентите на протестот што денеска во Приштина го одржаа претставници на бизнисот, против одлуката на Канцеларијата за регулација на енергетика.

Одлуката на Канцеларијата за регулација на енергетика (КАЕ), за либерализација на пазарот на енергија, стапи на сила на 1 јуни.

Според оваа одлука, сите приватни и јавни компании кои имаат над 50 вработени или годишен обрт од над 10 милиони евра се на отворениот пазар и се снабдуваат со енергија по цени кои не се регулирани од државата, пренесе Еуроњуз.

Повеќе од 1.300 приватни бизниси се веќе дел од овој пазар.

Сепак, одлуката предизвика силни реакции и бројни загрижености од деловната заедница.

АЛБАНИЈА

Факсвеб: СПАК ја продолжи истрагата за Илир Мета на уште шест месеци

Адвокатот на Илир Мета, Кујтим Цакрани, денес зборуваше од Специјалното обвинителство, каде што изјави за медиумите дека истрагата против Мета ќе биде продолжена за уште шест месеци. Адвокатот на претседателот на Партијата на слободата, пред просториите на Специјалното обвинителство, изјави дека ова е втор пат СПАК да ги продолжи истрагите против Мета.

Мета изјави дека „живееме во изборна автократија“ и предупреди дека случајот ќе се води до Европскиот суд за човекови права, пренесе Факс веб.

КОЛУМНА

Коха: „Човекот што ја избра слободата“

Бујар Букоши  (1947-2025)

„Четириесет години подоцна, Бујар Букоши ритуално му се повторуваа две сцени кои претставуваа речиси една целина.

Првата беше онаа на д-р Бујар и д-р Зана Букоши, кои се соочуваат со дилемата на животот, останувајќи во Германија како лекари кои се веќе специјализирани и поканети од германски професори – 1985 година е, сè на Косово е поминато и се движи кон одредена деградација по репресијата што ја вршат Србија и остатокот од Југославија.

Втората е мало село во Егејот, во северна Грција, во кое двојката и нивните три ќерки ги поминуваат летните одмори со секојдневната грижа на сопствениците на изнајмената куќа. Споени во една, двете сцени ја дадоа сликата за европско семејство од средната класа кое ужива во животот во својата предвидлива безбедност.“, пишува косовскиот Автор Ветон Сурои, во колумната „Човекот што ја избра слободата“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ