ТЕМА НА ДЕНОТ
Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК
На социјалните мрежи се шири видео од откривање на спомен плоча на загинати припадници на УЧК, но не се наведува местото каде е поставена таа плоча.…
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Тоа е повик за правда и обид за воспоставување преседан – дека никој, дури ни претседателот на собранието, не може неказнето да шири говор на омраза. Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината и да се соочиме со јазикот што боли, дели и понижува“, изјави пратеникот во српското Собрание – Шаип Камбери, откако со колегите Ахмедин Шкријељ и Минела Календер поднесоа кривична пријава против претседателката на собранието Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“
РЕГИОН
Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) на денешната 39-та седница донесе одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако беше потврдена конечната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина. Одлуката беше едногласно усвоена.
СВЕТ
Виткоф слета во Москва на клучните разговори за избегнување на санкциите на Трамп
Авионот што го користи Виткоф слета на московскиот аеродром Внуково, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, откако Кремљ побара средба со него во последен обид да ги избегне новите казнени санкции што Трамп се закани дека ќе ги воведе оваа недела.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми:Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ
СЛОБОДНА ЗОНА
Ако се бара санкционирање за навивачите на Шкендија кои извикуваа „Илирида“, треба ли да се бара санкции и за македонските навивачи за скандирањето „…Наше ќе биде и солунско поле“? За осуда се сите националистички скандирања, пишува Дехран Муратов во колумната „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“.
Подготви: Д. Мишев