• Latest
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Поповски: За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИл

Орданоски: Вистината во демократијата не е една, системот на образованието е клучно – уште една лага е „знаењето е сила знаењето е моќ“

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Корубин: Чуварот на демократијата е системот, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Касале: Без разлика од која политичка припадност доаѓаме, левица или централна десница, треба да негуваме љубов кон демократијата

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025 16:01
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Во саботата, на 09.08.2025 година, македонските медиуми објавија вест дека  И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца, по што, како што забележува мониторингот на ЦИВИЛ, на страниците на порталите на социјалните мрежи следеше лавина од непримерен говор на омразата, дегутантни коментари и радување на туѓа несреќа, овој пат на исчезнувањето на нуркач од Бугарија во езерските води.

Дома имаат море а не знаат да нуркаaт, ех што ти прави карма; Охридско езеро гробница за Бугарите; На што дрога бил татаров;тој Албанија е ојден роба носел можда; Барал нокои докази дека таму некогаш живееле Турко монголи, па еве нашол; Еден го*нар помалку; А, јас мислев дека бугарите се со празни глави и не пропаѓаат во вода; Изгледа водата го има однесено во албанија, да бара бугар; Пасоши делит на албански човеци, , се дел од непримерниот говор на омраза на дел од корисниците на социјалните мрежи во земјава, канцерогеното ткиво кое го разорува нормалниот живот кај нас, но и во регионот.

Еден од оваа, за среќа не толку голема, но прилично гласна и нахална толпа, паднал во толкав занес што освен што го пишува коментарот со CAPS LOCK, дури и заборавил да употреби интерпункциски знаци: И СЕГА ШТО НЕМА ДА ЗАСПИЈАМ АКО НЕ БАРАЛ НЕШТО ДРУГО БЛГАРОТ НЕ Е НИШТО НОВО СО ТАТАРИТИТЕ ОХРИДСКИ ПД БОРИС ТРЕТИ ОД ВМРОНСКОТАТАРСКИТЕ КРИМОСИ СМРДЕНИ.

Злонамерните коментари не останаа незабележани ниту во соседна Бугарија. Новинарот и аналитичар Владимир Владимиров, кој често пати во своите коментари на социјалните мрежи се обраќа на македонски јазик, во објава на Фејсбук ќе напише:

За жал, вчера во Охридското Езеро се удави еден Бугарин кој нуркаше таму… Под вестите во разни медиуми во Северна Македонија има масовни ужасни и цинични коментари, „шеги“ и радост од трагедијата!?!?

Никогаш во животот не сум видел таква нечовечност и простотија!!!-пишува Владимиров во објавата.

П.С. Само пред неколку месеци, Бугарија беше првата што побара помош по пожарот во Кочани и го прифативме и 16-от најтежок случај! Илјадници Бугари донираа крв и пари за лекувањето и сите 16 пациенти се излекувани, живи и здрави дома!!!- додава Владимиров.

Мала утеха во целиов случај е што сепак е поголема групата на коментари кои го осудија ваквиот непримерен и дегутантен говор на омраза на своите сограѓани.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува секој облик на поттикнување национална нетрпеливост и изразува крајна загриженост и згрозеност од дегутантниот и нечовечки говорот на омразата на веста за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро.

Драган Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омраза на социјалните мрежигугарски нуркач се удави во Охридското езеро
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ