• Latest
Фото: Скриншот од видео на
TRT World

САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 14, 2025

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

Во извештајот за 2023 година, делот „Слобода на здружување“ беше целосно посветен на правата на македонското малцинство во Бугарија за слободно здружување. Во годинашниот извештај нема ништо за тоа.

August 14, 2025 21:28
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот од видео на
TRT World

Фото: Скриншот од видео на TRT World

Share on FacebookShare on Twitter

Има многу промени во начинот на кој е изготвен годинашниот извештај за човековите права на Стејт департментот, а кој се однесува за 2024 година. Не само што неговото објавување доцнеше неколку месеци, дополнително, администрацијата на Трамп ги исфрли критиките за злоупотребите на човековите права кои беа пракса во претходните извештаи.

Таков примери е целосно исфрлениот дел за македонското малцинство во новиот извештај за состојбата во Бугарија, додека, како што пишува Независен.мк, во извештајот за 2023 објавен во 2024 делот „Слобода на здружување“ беше целосно посветен на правата на македонското малцинство во Бугарија за слободно здружување, каде беше нотирано дека:

„Законот го предвидуваше правото на слобода на здружување и владата генерално го почитуваше. Властите продолжија да одбиваат регистрација на етнички македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација – Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија – Жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 и Македонскиот културен клуб ‘Никола Вапцаров’ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека одбивањата ја кршат слободата на здружување на групите. Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден – Пловдив, врз основа на тоа дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонско етничко малцинство, се насочени кон поделба на нацијата и би создале услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“.

Во годинашниот извештај нема ништо за тоа, nовата американска администрација не се занимава со правата на малцинствата во Бугарија. Зошто ова се случило – не е јасно?

Во годинашниов извештај не се споменуваат ниту проблемите со корупцијата во Бугарија, кои беа важен дел од минатогодишното издание. Овогодинешниот извештај за Бугарија е речиси три пати помал – 19 страници, во споредба со 52 во 2023 година.

Соединетите Американски Држави ставија сериозен акцент на убиствата без судска постапка,каде се нотира дека  Владата или нејзините агенти беа вмешани во неколку случаи на произволни или незаконски убиства во текот на годината.

Извештајот посочува дека слободата на печатот е под закана, каде се забележува дека иако слободата на изразување е уставно загарантирана, медиумската средина се соочи со значителни предизвици, а бугарските новинари доживеаја малтретирање, заплашување и тужби, особено стратешки тужби против учеството на јавноста (SLAPPs), кои поттикнуваа самоцензура.

Во извештакјот се најде и прекумерната употреба на сила и лош третман во психијатриската нега, каде се вели дека имало веродостојни извештаи за тортура и суров, нечовечки или понижувачки третман, особено во психијатриските болници, каде што пациентите претрпеле физичко малтретирање, занемарување и неоправдана имобилизација. Смрт поврзана со пожар во психијатриска клиника предизвика критики за несоодветни прописи и надзор. Извештаите ги истакнаа недостигот на персонал, казнените средини и неуспехот да се санкционираат злоупотребувачките лица.

Понатаму во извештајот е нотирано дека иако законот забранува произволно апсење и притвор, се случуваат повремени прекршувања, а акцент е ставен и на експлоатацијата и ранливоста на децата, каде се забележува дека законите за детски труд биле спроведени, но ранливите деца, особено од ромските заедници, останале изложени на ризик од експлоатација во неформалните сектори како што се земјоделството и угостителството. Раното раѓање деца кај девојчињата во ромските заедници беше забележано како сериозен општествен проблем, а властите беа критикувани за тоа што го толкуваа како културно прашање, а не како родов проблем.

Еден од главните акценти на американскиот извештај се растечките антисемитизам и говорот на омраза во Бугарија во текот на изминатата година. Според извештајот, продолжила антисемитската реторика и говорот на омраза, вклучително и на социјалните медиуми, со забележителна загриженост за неактивноста на владата.

Нацистичките симболи биле широко продавани во туристичките области, а истакнати јавни личности ширеле антисемитски ставови. Властите забранија контроверзен пронацистички марш по јавниот протест, но настанот се одржа без оглед на тоа, откривајќи предизвици во борбата против јавните демонстрации поттикнати од омраза.

Се потенцира дека организацијата на бугарските Евреи „Шалом“ изрази загриженост за загрижувачката ескалација на говорот на омраза и антисемитизмот во земјата, „преправен како антиционизам и неодобрување на Израел“, како и обидите за тривијализирање на антисемитизмот.

Д. Мишев 

Tags: БугаријаГодишен извештај за практиките на човекови права на Стејт департментот за 2024 година.македонско малцинство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ