Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Русија ги „комплицира“ напорите за завршување на војната со отфрлање на повиците за прекин на огнот и продолжување на својата воена операција, пренесува Би-би-си.
Зеленски изјави дека „запирањето на убивањето е клучен елемент за запирање на војната“, бидејќи, како што кажа, Русија ги комплицира напорите за завршување на војната.
„Гледаме дека Русија ги отфрла бројните повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе ги запре убиствата, обајви тој на Х. „Ова ја комплицира ситуацијата.“
Thank you for the support! All the points mentioned are important to achieve a truly sustainable and reliable peace. We see that Russia rebuffs numerous calls for a ceasefire and has not yet determined when it will stop the killing. This complicates the situation. If they lack… pic.twitter.com/bkTXwjMSnX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 16, 2025
Украинскиот претседател додава дека можеби ќе биде потребен „многу напор“ за Русија да постигне „мирна коегзистенција“ со Украина, обвинувајќи го Путин дека нема „волја да спроведе едноставна наредба за запирање на нападите“.
Во заедничка изјава, споделена од украинскиот претседател, лидерите на Нордиската балтичка осумка велат дека на Путин „не може да му се верува“, но земјите „остануваат цврсти“ во нивната поддршка за Украина.
Зеленски нагласува дека продолжува да работи со други земји за мир и безбедност, вели дека лидерите мора да разјаснат детали и да утврдат кои чекори се неопходни за да се стави крај на војната.
Претседателите Трамп и Путин не успеаја да постигнат договор за време на разговорите во Алјаска во петокот, иако рускиот лидер го опиша состанокот како „многу корисен“
Американскиот претседател изјави дека сака да го заобиколи прекинот на огнот во Украина, во корист на траен мировен договор
Зеленски не беше поканет на самитот САД-Русија, но треба да се сретне со Трамп во Вашингтон во понеделник
Лидерите на Франција, Германија и Велика Британија ќе одржат телефонски разговор со сојузниците за војната во Украина во недела
Во заедничка изјава вчера, група европски лидери на НАТО изјавија дека се „подготвени да работат“ кон состанок меѓу САД, Русија и Украина.
Д. Мишев