• Latest

ЗНМ: Власта ги наградува послушните медиуми, а ги казнува критичките новинари!

April 13, 2017

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЗНМ: Власта ги наградува послушните медиуми, а ги казнува критичките новинари!

April 13, 2017 12:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Може да се констатира дека Владата ги користи сите инструменти на власта да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Покрај формалниот мораториум за Владини реклами од мај 2015 година, јавните институции, по разни основи, во 2016 година трошеле големи суми за промовирање во медиумите… Ова се дел од заклучоците во извештајот „Показатели за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите“, кој Здружението на новинари го презентираше денеска.

„Со жалење можеме да констатираме дека состојбата со слободата на медиумите минатата година се влошува во сите индикатори на истражувањето, како што е медиумско законодавство и неговата имплементација, вкупната професионална, економска и социјална состојба на новинарите, како и нивната безбедност. Таа во однос на медиумите применува политика на стап и морков. Послушните медиуми ги наградува со јавни пари, додека новинарите што ја критикуваат, постојано ги напаѓа и ги изложува на разни притисоци“, се вели во извештајот на ЗНМ.

„Министерствата и општините во Македонија во 2016 година имаат потрошено околу еден ипол милион евра во печатените, онлајн и регионалните и локалните медиуми.  Околу 400 илјади евра се потрошени во првата половина од минатата година, додека над еден милион евра биле планирани да се трошат во втората половина“, произлегува од анализата на податоци кои се дел од извештајот. Како што велат од ЗНМ, сумите сé уште поголеми затоа што четири министерства и 23 општини одбиле да дадат податоци за средствата потрошени во медиумите, а од 80 општини, само 42 – дале податоци за планираните средства за трошење во втората половина од 2016 година.

„Ако овие средства битно не влијаат на збогатување на програмската шема на националните телевизии, тогаш логички се поставува прашањето: која е нивната вистинска намена?  Ние сме убедени дека власта не се грижи за домашната продукција, туку за купување наклонетост на медиумите“, заклучуваат од ЗНМ.

Како што е наведено во извештајот, најмногу средства за огласување и претплата за весници имаат одвоено општините Битола и Гостивар, со околу 60, односно 50 илјади евра годишно.

„Начинот на распределба и целта заради која се трошат парите во медиумите, оставаат сомнеж дека министерствата и општините сакаат да ја купат наклонетоста на медиумите и да ги инструментализираат за политички интереси. Со тоа, се поткопува нивната независност и се загрозува правото на граѓаните – од медиумите да добијат навремени и веродостојни информации“ велат од ЗНМ, и посочуваат дека во медиумите каде власта со пари не успеала да се наметне, таа користи гола сила да ги замолчува новинарите.

„Според нашите податоци во последните четири години, нападнати се над 40 новинари, од кои околу половина се случиле во 2016 година. Имавме прогонувани новинари, еден осуден на затворска казна, а друг – повеќе од една година е во притвор, осомничен за неиздржани обвинувања“, е наведено во Годишниот извештај.

Во Македонија постои јасна политика на неказнивост на насилството против новинарите! Убедливо најголем дел од инцидентите не се расветлени, а ниту еден насилник не е казнет, потенцираат новинарите

 

 

Tags: ЗНМкампањаМедиумиминистерстванасилствоновинариопштиниПритисок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ