• Latest

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Изборна едукација – Правото на глас 

ЦИВИЛ секојдневно, од распишувањето на изборите на 9 август објавува едукативни текстови „Што е што во изборен контекст“ за клучните прашања во пресрет на локалните избори во октомври.

За гласачите најбитно е нивното избирачко право. Тоа е основно демократско и човеково право, преку кое граѓаните учествуваат во избор на претставници во државната и локалната власт.

Во Северна Македонија, ова право е гарантирано со Уставот и детално уредено со Изборниот законик. Основни принципи се: еднаквост, општост, тајност и непосредност на гласањето. Претседателот на Републиката, пратениците, членовите на советите и градоначалникот на општината се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

Никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Се е можно, можно е гласчкото ливче да биде 7 – 8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука закам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорнто однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

РЕГИОН

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

Хаос на улиците, полициска бруталност, закани од највисоките власти кон оние што излегуваат на протести, селективни апсења на граѓани, вклучително и членови на парламентот – ова е реалност во Србија во последните неколку месеци, особено во последните денови. Го забележуваат тоа и во Европската Унија, има сè повеќе луѓе кои гласно зборуваат за тоа, па дури и се осмелуваат да ја споредат Србија со една од најголемите диктатури на европскиот континент – Белорусија.

СВЕТ

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

Палестинците бегаат од делови од градот Газа откако израелската војска ги започна првите фази од планираната копнена офанзива, велат официјални лица во градот. Израелските трупи воспоставија упориште на периферијата на градот – кој е дом на повеќе од еден милион Палестинци – по денови интензивно бомбардирање и артилериски оган.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за цените и услугите на приватните болници?

Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ на ЦИВИЛ ја актуелизира темата за условите во приватните болници и колку граѓаните плаќаат, кога ќе се одлучат своето здравје да го доверат на приватното наспроти државното здравство.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ќе понудат ли нови програми и постапки за санација на долговите на локалните претпријатија . Она што досега го правеле не донело резултат на тоа поле. Ако ја бараат довербата на граѓаните треба да кажат како ќе се намалат милионските долгови кои нема сами од себе да се намалат. Вториот мандат секогаш е можност за решавање на крупните проблеми во општините. За такви постапки имаат веќе четиригодишно искуство“, пишува Војо Маневски во „Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?“

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ