Не постои универзална дефиниција за хибридната војна. Тоа е теорија на воена стратегија во која се користи политичко војување и ги спојува конвенционалното и неконвенционалното војување.
Во изборен контекст, поимот „хибридни закани“ се однесува на комбинација од различни инструменти и методи со цел да се влијае врз изборниот процес, јавното мислење и довербата во демократијата. Тоа е „мешавина“ на класични и современи форми на закана – од пропаганда до кибер-напади.
Дезинформации и пропаганда
Ширење лажни вести и манипулативни наративи преку социјални мрежи, портали или „лажни профили“.
Создавање конфузија и недоверба во институциите и изборниот процес.
Сајбер напади
Хакерски напади врз изборни системи, веб-страници на институции или медиуми.
Пробивање и злоупотреба на лични податоци на гласачи.
Надворешно влијание
Вклучување на странски актери кои со финансирање, медиумско влијание или политички притисок сакаат да насочат изборни резултати.
Внатрешни притисоци и корупција
- Купување гласови, злоупотреба на ресурси на државата и партиски вработувања.
- Поткопување на независноста на изборните институции и медиумите.
Психолошки операции
Создавање чувство на страв, несигурност или апатија кај граѓаните за да се намали излезноста.
Хибридните закани се систематска комбинација од медиумски, технолошки, политички и економски средства – насочени кон тоа да се искриви изборната волја на граѓаните.
ЦИВИЛ со мониторинг на хибридните закани
Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (на англиски: Civil Hybrid Threats Monitoring – CHTM) ќе работи преку различни платформи, јазици и региони за да идентификува и разобличи шеми на манипулација и операции на влијание. Организацијата потврдува дека обемот на тимот ќе опфаќа широк спектар на хибридни закани – од дезинформации и пропаганда до политичко мешање и говор на омраза, како и комплексни операции на хибридната воена закана. Воедно, ЦИВИЛ објави нема да открива детали за методологијата, ниту пак имињата на членовите на тимот, од очигледни безбедносни и оперативни причини.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk