• Latest
Фото: Скриншот од веб

Мониторинг на ЦИВИЛ: РИА Новости – координатор на руските дезинформации во земјава и регионот

August 29, 2025

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Мониторинг на ЦИВИЛ: РИА Новости – координатор на руските дезинформации во земјава и регионот

August 29, 2025 14:27
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ТОП 5
Фото: Скриншот од веб

Фото: Скриншот од веб

Share on FacebookShare on Twitter

По масивниот напад со беспилотни летала и ракети на московските сили врз Украина во текот на ноќта на 28 август, насочен кон Кијив, во кој беа погодебии станбени области, при што загинаа најмалку 23 лица, меѓу кои четири деца, а беа повредени 63 други, меѓу кои 11 деца и и беа погодени седиштата на ЕУ и Британскиот совет, пропагандната машинерија на Кремљ се стави во погон во обид да ги оправда руските смртоносни напади врз цивилни цели.

Главен руски „играч“ во овие настојувања е провладината РИА Новости, со своите подружници надвор од Русија, каде меѓу најприемчиви за руските пропагандни наративи се покажаа медиумите на  Балканот, вклушително и во Северна Македонија.

Како што забележа Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ), во дел од медиумите во земјава и во соседството, се дистрибуира вест на РИА Новости (која впрочем е забранета за реемитување кај нас), па така, со наслови како „Русија убила НАТО офицери?“ во македонските медиуми,

и истиот преведен на српски „Rusija ubila NATO oficire?“ во соседна Србија, убиствата на цивили и разрушените цивилни станбени објекти лажно се прикажува како напад врз командни и логистички пунктови на украинската армија во Кијив и околните предели.

Пренесените руски наративи прикажуват дека цел на ударите биле складишта со оружје, бази на украинските единици, како и клучни комуникациски и командни центри, каде, според непотврдена информација, во еден од штабовите биле затекнати 25 украински офицери и околу десет претставници на НАТО, при што биле уништени значителен број украински војници, вклучително и странски платеници.

Секако, извор од каде домашните и медиумите во регионот ја преземаат оваа (дез)на информација е, се разбира, прорежимската пропагандистичка агенција РИА Новости, која се повикува на коориднаторот на проруското нелегално движење во Николаев, Сергеј Лебедев.

Се чини дека овие медуми не ги погледнале иладниците потресни фотографии и видеа од масакрот кој го извршија руските агресори врз Кијив, и не ги прочитале реакциите со осуда кои дојдоа од целиот демократски свет, за да можат со таква леснотија да ги шират нарачаните руски манипулативни и пропагандни наративи.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија, членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, при што се стреми да ги прикаже ЕУ како лицемерна, корумпирана или непријателски настроена, а НАТО како „окупатор“, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Tags: проруски македонски и српски медиумиРИА новостируска пропаганда и дезинформации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ