• Latest

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори

Во пресрет на локалните избори, политичкиот кампус во Северна Македонија е обележан со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи меѓу двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ. И двете партии настапуваат со остри кампањи кои го мобилизираат своето членство, но и ја продлабочуваат поларизацијата во јавноста, истовремено создавајќи атмосфера при што граѓаните стануваат мета на негативна кампања, дезинформации, говор на омраза и манипулации.

Наместо во фокусот на кампањата да бидат локални теми како урбанизам, комунални услуги или екологија, во оваа предизборна атмосфера, четири доминантни наративи го обликуваат јавниот дискурс меѓу најголемите партии од македонскиот блок:

Идентитетски прашања – поделба на патриоти и предавници (внес на бугарска заедница во Уставот; промена на името)

Меѓуетнички односи – националистички наративи, првенствено во однос на Албанците

Европска интеграција на државата

Стандардот на граѓаните

Доминантен тон: Негативна кампања, дезинформации и говор на омраза, се наведува во анализата Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

„Прво бараа да има одложено дејство на уставните измени, видоа дека не може. Цела Европа им кажа дека тоа е невозможно. Бараа Бугарија да прифати пресуди на Судот за човекови права во Стразбур и тоа видоа дека не може да го изменаџираат.

Не гледаме дека нешто се трудат околу тоа да направат, нема дипломатска активност на таа тема. Министерот за надворешни работи зборува за роаминг и ништо друго. Очигледно е дека се конзистентни кон тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме. Ќе се бориме поради тоа што е единствената иднина за нашата земја и ќе ставиме на масата. Еве Резолуција, да ги утврдиме нашите црвени линии за да укажеме јасно и гласно дека сите треба да бидат чесни кога кажуваат какви се политиките, а не да се користат со лаги и манипулации за скриено да протуркаат некоја своја политика која очигледно не не води никаде“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче , Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања зошто премиерот Мицкоски ја отфрли Резолуцијата.

„Тоа е суштината на довербата, да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата.

-Изминатите години видовме што значи политика на брзи потези и празни ветувања. СДС и ДУИ со секое ветување отвораа надеж, а со секој притисок ја поништуваа таа надеж. Заедничките документите што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик“, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

РЕГИОН

Жандармерија пред ДИФ во Нови Сад: Судири со полицијата, деканот им дозволи на студентите да влезат

Денес се навршуваат 10 месеци од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Групите ги повикаа граѓаните да се соберат и да оддадат почит со 16 минутно молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата.

По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги поканија граѓаните да се соберат во кампусот на Универзитетот во Нови Сад.

СВЕТ

Портпаролот на Хамас, Абу Обеида убиен во израелските напади во Газа, во кои загинале најмалку 7 лица, а 20 биле повредени

Абу Обеида, портпаролот на вооруженото крило на Хамас, е убиен во воздушен напад во градот Газа, соопшти Израел, пренесува Би-би-си.

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, им честиташе на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и на израелската безбедносна агенција Шин Бет за „беспрекорното погубување“ во објава на X.

Хамас не ја потврди неговата смрт. Палестинската вооружена група претходно соопшти дека десетици цивили биле убиени и повредени во израелските воздушни напади врз станбена зграда во областа.

Локалните новинари објавија дека најмалку седум лица биле убиени, а 20 повредени во нападите врз густо населената населба Ал-Римал во градот Газа, меѓу жртвите има и деца.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Со кои проблеми се соочувате на почетокот на учебната година?

 

АЛ-Прес

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Албанските медиуми објавија анализа од германските медиуми, за написот во Цајт магазин, во кој се величи ликот на албанскиот премиер Еди Рама, но не се осврнува на сериозните обвинувања за поткопување на демократијата.

Во Косово, парламентот повторно се наоѓа во криза, односно денеска пратениците повторно не успеаја да изгласаат потпретседател на собранието од српска етничка заедница.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Од почетокот на септември 2024 година до денес, ЦИВИЛ постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ околу 250 пати. Меѓу нив, од почетокот на април годинава, се вклучува и нашето петочно, редовно прашање: „Кое е вашето прашање до властите и политичарите?“, што оди под заедничкиот наслов ГРАЃАНСКИ ФОРУМ.

Честитки до тимот на ЦИВИЛ и до сите што придонесоа кон оваа иницијатива со коментари, прашања, пријави и извештаи.

Прашањата се секогаш актуелни и се однесуваат на важни настани и состојби во земјата, регионот и светот – но секогаш со фокус на реалноста и потребите на граѓанките и граѓаните.

По секое прашање следи текстуална обработка, објавена следниот ден, во која се вклучуваат најзначајните десетина коментари на граѓаните. Тие се објавуваат во рубриката ФОРУМ на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Оваа иницијатива, која денеска слави една година, до сега собра најмалку 15.000 коментари. Илјадници луѓе се охрабрија да ги коментираат постапките на институциите и политичките актери – како од власта, така и од опозицијата.“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност“.

Подготви: Д. Тахири

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ