• Latest

Нападот врз новинарот Насер Селмани е закана за слободата на говорот и демократијата – молк од новинарските здруженија

September 4, 2025
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

September 6, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Десетици убиени и ранети во континуираното израелско бомбардирање утрово

September 6, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Повеќе од 7.000 деца под петгодишна возраст во Газа се опоравуваат од неухранетост во период од две две недели

September 6, 2025

Хрватска ќе стане дел од Коалицијата за дронови за поддршка на Украина

September 6, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски ја отфрла идејата на Путин за средба во Москва: „Може да дојде во Кијив“

September 6, 2025

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

September 6, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

АРМ ќе изврши пробна почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември- Денот на независноста

September 6, 2025
Фото: ВИ

Национализам на „реприза“: Секој изборен циклус – иста матрица на страв и поделби

September 6, 2025

Дир: Од почетокот на септември рф употреби над 1300 дронови, околу 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети врз Украина

September 6, 2025

Албанскиот политички блок пред локалните избори 2025: Поделби, наративи и нови сојузи

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нападот врз новинарот Насер Селмани е закана за слободата на говорот и демократијата – молк од новинарските здруженија

„Ако полицијата не ги заштитува сопствените граѓани, тогаш јас како граѓанин и Албанец имам божјо право на самоодбрана“, предупредува Селмани.

September 4, 2025 12:44
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот, и поранешен претседател на Здружениоето на новинари (ЗНМ), Насер Селмани, пријавил во полиција дека непознат сторител со нож ја оштетил гумата на неговиот автомобил, паркиран пред зградата каде што живее во Скопје.

„Ве известувам дека утрово забележав дека некој со нож ја оштетил гумата на мојот автомобил паркиран пред зградата каде што живеам во Скопје. Не должам на никого и немам конфликт со никој“ објави на Фејсбук, Селмани.

Тој вели дека имал краток телефонски разговор со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кого го известил за инцидентот.

„Побарав да се откријат авторите и инспираторите на ова недело. Министерот ми вети дека ќе работат на расветлување на случајот“, истакна Селмани.

Во објавата нагласува дека е новинар и граѓанин, без политичка припадност.

„Јас сум новинар и не сум член на ниту една политичка партија. Јас сум обичен граѓанин, Албанец и член на Движењето Албански свет“, напиша тој.

Селмани ги повика премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на албанските партии да го осудат инцидентот.

„Со овој повод го повикувам премиерот Мицкоски и лидерите на албанските партии да се дистанцираат од ваквите срамни постапки на насилство против слободата на говорот“, додаде тој.

Новинарот најави дека ќе им даде време на институциите, но ако во рок од две недели не се откријат сторителите, ќе излезе со свои сомнежи.

„Имам свои сомнежи, но засега нема да зборувам пред да и се даде потребното време на полицијата. Доколку во разумен рок од две недели полицијата и истражните органи не ги откријат авторите и инспираторите на овој напад, тогаш со јавноста ќе ги споделам моите сомнежи кој стои зад овој криминален акт“, наведе Селмани.

Тој порача дека не се плаши и нема да се откаже од својата работа.

„Ако некој мисли дека со криминални методи може да ме исплаши, многу греши. Избрале погрешен човек“, потенцира Селмани.

Во реакцијата тој додаде и предупредување: „Ако полицијата не ги заштитува сопствените граѓани, тогаш јас како граѓанин и Албанец имам божјо право на самоодбрана“.

Селмани најави дека ќе се обрати и до меѓународните организации, како и до албанската држава и Косово „за да ги заштитат Албанците и загрозените албански новинари во Скопје“.

Mеџити: Нападите врз новинарите се напади врз демократијата и нејзините институции

Првиот вицепремиер, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити на својот Фејсбук профил изрази најдлабока загриженост и негодување поради неодамнешниот напад врз реномираниот новинар Насер Селмани.

„Овој неприфатлив чин претставува не само удар врз него лично, туку и врз слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана слободно и без страв. Нападите врз новинарите се напади врз демократијата и нејзините институции. Секој обид за заплашување или попречување на професионалната работа на медиумите е директна закана за основните права на граѓаните и владеењето на правото“, вели Меџити.

Тој ги повикува надлежните органи да го истражат случајот, целосно да ги разјаснат околностите и да обезбедат сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Институциите мора да гарантираат целосна заштита за новинарите и да создадат средина каде што нивната работа може да се извршува без притисок, закани или насилство.

„Изразуваме целосна солидарност со Насер Селмани и целата новинарска заедница во земјата, нагласувајќи уште еднаш дека слободата на медиумите е основа на демократското општество и мора да биде заштитена по секоја цена“, исткана Меџити.

ВЛЕН: Нападот врз новинарот Насер Селмани е напад врз демократијата и слободата на изразување

Коалицијата ВЛЕН изразува целосна солидарност со новинарот Насер Селмани, опишувајќи ја слободата на медиумите како „камен-темелник на секое демократско општество“ кој мора да се заштити по секоја цена.

„ДОСТОЈНИ во одбрана на слободата, против насилство и заплашување!“, велат од ВЛЕН.

ДУИ го осуди нападот врз автомобилот на новинарот Насер Селмани

Во партиското соопштение на ДУИ се потенцира дека тоа претставува срамен и неприфатлив чин, насочен кон заплашување и замолчување на критичкиот глас.

„Слободата на изразување и безбедноста на новинарите се темел на секое демократско општество, а секој обид за нивно нарушување претставува директен удар врз демократијата во земјата, посочува во соопштение Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бараме од Министерството за внатрешни работи и надлежните институции веднаш да ги откријат сторителите и нарачателите на овој криминален акт, испраќајќи јасна порака дека никој не е над законот. Секое одложување или обид за прикривање на случајот ќе се сфати како соучесништво и како неуспех на институциите да ги заштитат граѓаните и слободата на говорот“, пишува во партиското соопштение.

ДУИ нагласува дека изразува целосна солидарност со новинарот Насер Селмани и ја поддржува неговото право да работи слободно, без страв и притисоци.

„Ние цврсто стоиме рамо до рамо со секој новинар и интелектуалец кој има храброст да ја каже вистината и да го брани јавниот интерес. Ваквите напади не заплашуваат само еден поединец, тие имаат за цел да ја заплашат целата јавност. А тоа нема да се дозволи“, порачуваат од ДУИ.

Албанскиот амбасадор Мејдани: Осудата на новинарот Селмани мора да се разјасни без одлагање

Албанскиот амбасадор, Денион Мејдани, на својот Фејсбук профил, побара од истражните органи да го решат случајот без одлагање.

„Солидарност со новинарот Насер Селмани. Насилството и заканите врз новинарите се напад врз слободата на говорот и демократијата. На истражните органи е да го разјаснат случајот без одлагање. Му благодарам на Синдикатот на албански новинари за реакцијата!“, пишува албанскиот амбасадор во земјава Мејдани.

ЦИВИЛ: Нападот врз Селмани е напад врз слободата на изразување, и врз демократските принципи и вредности

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува нападот врз Насер Селмани, новинар, поранешен претседател на ЗНМ.

ЦИВИЛ овој напад не го гледа само како напад врз новинар, туку како напад врз слободата на изразување, и врз демократските принципи и вредности.

ЦИВИЛ најостро го осудува нападот врз новинарот Селмани и ги повикува македонските власти и институции за што поскоро решавање на случајот и најстрога казна за сторителите. Истовремено, ЦИВИЛ бара поголема заштита на новинарите, бидејќи ова не е првпат новинарот Селмани да се соочи со закани и насилство.

Македонските новинарските здруженија и синдикати (ЗНМ, ССНМ, СЕММ, МАН…) до овој момент немаат никаква реакција за нападот на Селмани.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ