Здружението на новинари (ЗНМ) денеска организираше протест за поддршка на новинарот, а воедно претседател на здружението, Насер Селмани, поради упатените закани кон него на Фејсбук, од Беќир Хасани, функционер на ДУИ.Во присуство на своите колешки и колеги од медумската сфера, претставници на граѓанското општество, но и на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, Селмани изјави дека протестот не е само поради заканите кон него, туку поради костантните закани и притисоци врз новинарите и нивното цензурирање во телевизиите.
„Прво сакам да и упатам порака на Владата на која и плаќаме даноци. Не прифаќаме објаснување дека во Владата има добри и лоши дечки, не прифаќаме во Македонија да постојат две влади. Ние даноци плаќаме на оваа Влада и таа има обврска да ги замолчи насилниците… Сакам да се обратам и на македонските граѓани, ако сега молчиме, ако јас бидам замолчен, ако моите колеги ги замолчат, да знаете вие сте на ред., дека ќе дојдат утре по вас,. Сакам да ве повикам да бидете будни, затоа што еден режим испративме и нема да дозволиме да се воспостави нов“, се обрати Селмани.
„Не му се плашев на Никола Груевски кога неговите силеџии им се закануваа на моите деца, кога ми се закануваа дека ќе ме апсат и не им се плашам на насилниците на ДУИ и не им се плашам на оние што молчат во иста Влада со нив“, истакна Селмани.
Биљана Јордановска