• Latest

Поради „жолтите синдикати“ нема социјален дијалог во Македонија!

April 20, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поради „жолтите синдикати“ нема социјален дијалог во Македонија!

April 20, 2017 20:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија нема социјалниот дијалог, зашто Економско-социјалниот совет речиси и да не фунцкионира. Недостига квалитетна комуникација меѓу синдикатите, работодавците и власта. Отсуствува синдикална активност во компаниите со странски капитал, нема солидарност, зашто силни се забраните за синдикално здружување и голем е стравот на работниците дека ќе добијат отказни решенија доколку се борат гласно за своите права… Ова се дел од причините и проблемите со кои се соочуваат членството во синдикатите на УПОЗ, СИЕР, АГРО и СУТКОЗ. Во моментов, во Македонија се случуваат низа прекршувања на работничките права од Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На денешната трибина на тема „Каде не’ води сегашниот концепт за социјален дијалог во Македонија?“, што ја организираше  Фондацијата „Фридрих Еберт“ во салата на Скопски саем, а  ја модерираше новинарот Драган Антоновски, беше потенцирано дека поради ваквите проблеми и поради политичките превирања и промената на министрите во Министерството за труд и социјална политика, в.д. претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и актуелен претседател на синдикатот на СУТКОЗ, Дарко Димовски уште не и официјално, легитимен претседател на ССМ, туку, како што велат надлежните во четирите синдикати, таа функција ја извршува Живко Митревски, кадар близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Четирите гранкови синдикати кои по превирањата се исклучени од ССМ, најавија тужби против надлежни органи, поради попречување на активностите во остварување на синдикалните права на членството.

„Праксата покажува дека актуелниот концепт на социјален дијалог, којшто е само на хартија и преку изјави на медиумите, не функционира. ФЕС има покренато иницијатива со овие четири синдикати, но и со други синдикални организации, што сакаат да се придружат. Слушаме дека таа Повелба на синдикатот се проширува. Локалните самоуправи и Владата треба да направат лост за социјален дијалог. Во фирмите со странски инвестиции нема ниту еден официјално формиран синдикат којшто реално дејствува. Тоа е поразувачко, зашто ова е земја во која се пропагира дека има официјален дијалог. Се надеваме дека ние, како фондација, преку работни групи, ќе можеме да оствариме дијалог со работниците, со сопствениците и со синдикатите. Сега имаме експертиза во канцеларијата на ФЕС, што може да даде придонес за тоа, и во приватниот и во јавниот сектор“, истакна Милан Живковиќ, од Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Претставниците на синдикатите говореа и за солидарноста како еден од елементарните стандарди што ги исполнуваат меѓународните синдикални организации. Сепак, посочија на големите проблеми во работата на Економско-социјалниот совет.

„Економско-социјалниот совет носи Програма на измени и дополнувања на законските прописи од социјалната сфера, за тековната година. Значи, Програма на Влада, односно на Собрание. Ние тие документи не можеме да ги добиеме, претседателот на Сојузот веројатно ги добива, но тоа останува тајна. Затоа, реакциите на работниците и нашите реакции не се на време. Ние немаме информации дали Законот за работнички односи ќе претрпи промена во 2017 година и во кој период ќе биде тоа. Должни сме да следиме политика, поради политиките на Синдикатот. А, ако немаме информација дали овој Закон ќе трпи промени, ние не можеме да дадеме свој придонес и тоа ќе помине така, како што поминаа многу прашања преку Економско-социјалниот совет, а ние не сме биле соодветно вклучени. Но, ова не е случај со колегите во други земји“, забележа Живко Даневски од Синдикатот на АГРО.

Според Пецо Грујоски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, за да се постигнат бараните ефекти од синдикалното организирање, не е потребна поддршката на политичарите, туку синдикатите мора сами да си ги решат своите проблеми, секако со поддршка и на меѓународните синдикати. Според него, појавата на „жолти синдикати“ е причина за неуспехот на социјалниот дијалот, меѓу синдикатите и власта.

„Тоа се синдикатите формирани од работодавачи, во кои премина дел од нашето членство, по наредба на работодавачите. Еве, примерот со директорот што ги казнуваше работниците неосновано… Синдикатот излезе со документ дека тој директор нема соодветно образование, и кога изјавата одекна во јавноста, се појави некој синдикат, за којшто никој нема сознанија, кој вели ‘синдикатот му дава поддршка на директорот, имаме добра соработка’. Па, колегите во синдикатите добиваат погрешен впечаток, дека синдикатот игра двојна улога, еднаш го критикува директорот, а потоа, му дава поддршка. Но, таа забуна е производ на овој ‘жолт синдикат’, кој има за цел да го збуни членството“, посочи Пецо Груевски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АГРОекономско-социјален советЖивко ДаневскиМилан ЖивковиќМОТПецо Груевскиработнициработнички праваСИЕРсоцијален дијалогССМСУТКОЗУПОЗ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result