• Latest
Војо Маневски

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025 10:38
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ     

Ако има тема која се рециклира со секоја промена на власта, кога тоа и ѐ потребно на гарнитурата на власт или кога опозицијата е моќна да ги користи службите , тоа е употребата на безбедносните служби. Тие не треба да се употребуваат туку да ја вршат својата со закон определена  надлежност. Со подзаконски акти е пропишана и процедурата на нејзината внатрешна активност.

Зошто сеуште зборуваме за тајни служби?

Тие служби се формираат со закон и треба да работат според закон. Законот не им дава некакви тајни овластувања. Демократијата подразбира цивилна контрола над сегментите на власта кои имаат моќ на присила. Тој рецидив е од времето кога тие работеа на работ на законот и со низа на насилни методи и средства  кои не секогаш се прибирани и трошени според закон и со отчет до јавноста.

Ако се јавни нивните активности тогаш нема да се тајни што би рекол Алан Форд. Во таа сфера тајното и јавното се измешани често правејќи некоја сива зона. Таквата зона е опасна и за државата и за граѓаните.

Службите мора да имаат институционална и цивилна контрола на работењето затоа што без таквата контрола се претвораат во центри на моќ кои ретко и служат на државата а многу често се користат од разни групации кои својата корист ја затскриваат зад службите. Затоа во светот веќе се зборува и за безбедносни заедници како некаква посебна групација на испреплетени интереси ,информации и влијанија врз државите и граѓаните. Нешто како мултинационални компании во сферата на безбедноста.

Дали се злоупотребуваат безбедносните служби? Скоро постојано, затоа што е многу  тесна таа граница која го дели општиот интерес од интересот на владејачката гарнитура или само делови од неа.

Она што е денес во работата на овие служби најважно, секако е  ставањето на собраните информации во контекст на одредена појава или одредена цел. Прибирањето на информации не е како некогаш со градски шпиони што ги следат определените личности и запишуваат на ливчиња што чуле или што виделе. Денес се прибираат информации на многу по софистициран начин со следење на комуникациите, изјави во јавноста, непосредни информации на инсајдери и сето се вкрстува во една целина од која произлегува сликата за однесувањето на следената личност или групација. Следењето на комуникациите со закон е определено. Како, кога и врз кое лице се применува .Се другото е на слободниот „пазар“. Да биде ефикасна, службата мора да има обучени службеници кои сите овие информации знаат да ги соберат и стават во контекст . Пречестата партизација доведува до намалување  на стручноста на овластените службеници.  Со закон е определено кој може да ги има овие информации и како и во која цел може да се користи. Аматеризмот е недозволив доколку се сакаат резултати од безбедносната агенција.

Кај нас за реформи во службите се зборува од 1966г и падот на Александар Ранковиќ. За реформа се зборува а се употребуваат службите и се злоупотребуваат цело време . Што е пречката за нивното осовременување или реформа? Еден од носителите на високи  државни овластувања  за ваквите служби велеше. „Ако ги занемариш службите тогаш немаш ефективна власт и тешко ќе владееш. Штом ги запоставиш, наместо ти да ги користиш тие ќе те користат тебе и тоа без разлика од која партија си“ .

Оваа реченица мора да се сфати сериозно зошто партизацијата како и во секој орган и службите ги парализира кога се работи за извршување на нивната законска обврска. Недовербата меѓу службениците е голема посебно кога се работи за нивното напредување низ скалилата на службата. Тие не ја бранат државата  само, туку и сѐ бранат од внатрешните противници. Иако има правилник за напредување во службата често со смена на власта се деградираат одредени службеници и по неколку места подолу а други се поставуваат на високи места заради довербата која во нив ја има актуелната власт. Така се создаваат и посебни внатрешни групации кои постануваат посебни центри на моќ . Природата на службата е таква што и тие имаат и информации  и неминовно учествуваат во комплексни операции а имаат и знаење за користење на сознанијата па не ретко анализите и информациите излегуваат надвор од службата и сѐ на корист на други центри .

Ова важи најчесто за повисоките и врвните позиции во службата .На ниските нивоа и по СВР ефектноста на службата е спуштена до ниво на помош на јавна безбедност и прибирање на локални информации да не речам оговарања за одредени личности. Малку од тој материјал е употреблив после филтрирањето на информациите и правењето анализи. Донекаде во помошта на секторот за јавна безбедност собраните информации можат да се употребат ама во државно значење ретко.

Повисок стадиум на делување на безбедносните служби е кога се дел од –безбедносната заедница. Такви заедници има законски и затскриени. Тие се регионални или се дел од големите безбедносни сојузи како Интерпол, Европол, НАТО структурите. Ако работат тајно без цивилна контрола, тогаш се опасен центар на моќ кој не само следи и прибира информации туку и употребувајќи ги сознанијата креира политики преку директно влијание во кадровската екипираност на партиите .Во тој случај работите толку се измешуваат што често се губи линијата помеѓу службеник или раководител на службата и функционер на политичка партија. Кога таа партија е на власт тогаш постепено  станува зависник од службите иако навидум изгледа дека владее самостојно па дури и автократски. Како печурки никнуваат разни центри на формална и неформална моќ .Сите имаа крајна цел да се завладее со тековите на парите и тоа без разлика дали се буџетски, црни, црвени , испрани или валкани. Тогаш им е најтешко на професионалните кадри во службата кои се двоумат до каде е според закон а каде е злоупотреба на службата. Одамна е речено, треба да се следи само текот на парите и сликата ќе биде појасна. А донесување на нов закон за потекло на сопственоста  во план ли ѐ или се остава за идни времиња кога ќе се етаблира финансиски структурата на власт?

Да се вратиме на последната афера со следењето и прислушкувањето на  тогашниот опозициски лидер , новинари и други јавни личности.

Лидерот на тогашната опозиција не мора да биде следен со посебна одлука затоа што на негово барање одамна тој има полициска заштита. Тие полициски службеници секој ден пишуваат известување за својот работен ден. Тие документи кога се стават во контекст се добива рамка на секојдневните активности на заштитеното лице. Дали бил прислушкуван? Веројатно толку колку службата е во можност и колку ѝ се дозволи. Ако знаел за таквите активности тогаш влегол во играта на прибирање докази за нивно користење во политичката боба и во кадровската распределба во институцијата.

Тој не е аматер што случајно води партија . Самиот знае што може да зборува по телефон а што не може. Каков телефон треба да  употребува а каков не. Дури и  да не ги познава тие работи лично, околу него има личности кои одлично ја познаваат проблематиката бидејќи и самите биле на врвот од некои од безбедносните служби. И на крајот не е многу важно што ќе каже во некои неформални разговори ,интервјуа или пресови од некој настан тоа е за медиумите и социјалните мрежи. Битно е што ќе прави и што има намера да направи.

Како се употребуваат прибраните информации и анализи произлезени од нив?   Се употребуваат на законски и незаконски начин. Законскиот е да се спречи опасност по државата и граѓаните доколку активностите се во таа насока или да се употребат во други лукративни цели. Многу често се употребуваат прибраните информации во беспоштедната партиска борба за власт. Поточно да не се биде точката за која службите прибираат информации зошто никој не е сигурен како тие ќе се употребат. Единствен начин на расветлување на аферите кои се појавуваат е судска постапка и јавен притисок за достапност на прибраните информации. Ваквите афери скоро никогаш не се расветлени до крај.

Што е целта на сегашнава афера?

Да се употреби во кампањата и дојде до потполна власт. Нашите политичари сметаат дека нема власт ефективна ако не е потполна и тоа во сите сегменти. Од парламентарна до извршна и до судска. Таков ни е системот и политичката култура која ја практикуваме.

На крај да одговорам на прашањето од насловот. Зошто се злоупотребуваат безбедносните служби? Затоа што се употребуваат и затоа што во суштина и за таа цела се формирани. Да се спречи непријателот да ги оствари своите цели.

Прашање е само кој е непријателот? А дали ќе ги употребуваат сознанијата за свои цели одговорот е во народната поговорка: „Ако јадеш мед ќе си ги оближеш прстите “.

Најчесто се заборава и другата страна на вистината:„ Која мачка јаде маст јаде и стап“.


ЦИВИЛ МЕДИА | Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: безбедносни службизлоупотреба
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ