Лекарите во САД наскоро ќе бидат советувани да не им го препишуваат лекот против болки Тиленол на бремени жени, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи ја спорната врска помеѓу лекот и аутизмот, пренесува Би-би-си.
Трамп го објави ова во понеделник во Овалната соба заедно со министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор.
Американскиот претседател тврдеше дека земањето парацетамол, главната состојка во Тиленол, познат во САД и како ацетаминофен, „не е добро“ и дека бремените жени треба да го земаат само во случаи на екстремна треска.
Некои студии покажаа врска помеѓу бремените жени кои земаат Тиленол и аутизмот, но овие наоди се неконзистентни и неубедливи. Производителот на Тиленол, Кенвју, ја бранеше употребата на лекот кај бремени жени.
Во изјава за Би-Би-Си, се вели: „Веруваме дека независната, здрава наука јасно покажува дека земањето ацетаминофен не предизвикува аутизам. Ние силно не се согласуваме со каква било друга сугестија и сме длабоко загрижени за здравствениот ризик што го претставува ова за бремените жени.“
Ацетаминофен – активната состојка на Тиленол – е најбезбедната опција за ублажување на болка за бремени жени, додаде тој, и без него, жените се соочуваат со опасен избор помеѓу страдање од состојби како треска или користење поризични алтернативи.
За време на објавата во понеделник, Кенеди рече дека Администрацијата за храна и лекови (FDA) ќе издаде лекарско известување за она што тој го опиша како потенцијален ризик од земање Тиленол за време на бременоста.
Тој рече дека FDA, исто така, ќе започне процес на иницирање промена на безбедносната етикета на лекот и ќе започне кампања за јавно здравје за ширење на свеста.
Д. Мишев