• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025 17:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваат помалку од три дена до изборниот молк за локалните избори што ќе се одржат во недела на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска продолжија со претставување  на своите програми и кандидатите за градоначалници.

КАНДИДАТИ И ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема предвремени парламентарни избори по локланите избори

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на, како што изјави, расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од т.н црна коалиција на „СДСМ, ДУИ и Левица“.

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира

СДСМ остро реагира на најновиот скандалозен пример на судир на интереси и злоупотреба на изборниот процес во Општина Кратово. Димитар Митевски, трудов инспектор, во исто време е и заменик член на Општинската изборна комисија во Кратово, што само по себе е конфликт на интереси и кршење на изборните правила.  Дополнително, истиот тој е фатен како агитира „врата до врата“ за ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ: Битката за Кичево повторно се претвора во етничка трка

За жал, битката за Кичево повторно се претвора во етничка трка, наместо да остане натпревар на идеи и визии за градот. Секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активирале механизмите на подземјето – лабораториите на службите што работат во темнина – со цел да ги поделат, да ги посварат и да ги дискредитираат нивните политички претставници.

Митовски: Водата, инфраструктура и достоинство за Булачани

Булачани ќе добие и реновиран културен дом, асфалтирана улица број 3, а куќите на оваа улица ќе бидат директно поврзани на водоводната линија преку хидрофорни пумпи. И на крај, на местото викано Банево Гумно ќе изградиме видиковец со урбана опрема, кој ќе прерасне во ново бележје на селото, најави Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на СДСМ во Гази Баба.

Ковачки: Македонска Каменица останува ВМРО општина

Членот на Извршниот комитет на партијата и пратеник Драган Ковачки порача дека Македонска Каменица останува „ВМРО општина“, истакнувајќи ја силната поддршка на градоначалникот Димче Атанасовски за втор мандат.

Стојковски: 20 отсто зеленило на секоја градежна парцела

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Куманово, м-р Сретен Стојковски најави јасни урбано-еколошки стандарди, како што се задолжително зеленило, ред во управувањето со отпадот и системски решенија против поплави.

Шајн: Создавање услови за достоинствен живот во Охрид

Сет мерки за намалување на финансиската тежина врз домаќинствата и создавање услови за достоинствен живот за секој граѓанин на Охрид, вети кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата, Асен Шајн.

Проф. д-р Ана Угринска: Итни и мерливи чекори против загубите на вода

Кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, проф. д-р Ана Угринска, во видео-обраќање најавува итни и мерливи чекори против големите загуби на вода и нетранспарентното управување со системот на водоснабдување.

Ацевски: Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

Ѓорче Петров ќе биде општина каде урбанизацијата нема да биде синоним за бетонизјација, ќе го запреме бетонирањето во општината,  клучни проекти за Ѓорче Петров во иднина да биде со еден хуман развој и да се менува на подобр, вели кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.

Лабудовиќ: Квалитетен оброк за секое дете

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави една од, како што рече, најважните мерки во својата програма – воведување на здрав, топол и нутритивно избалансиран оброк за секое дете во сите градинки и училишта во Центар.

Левица: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи се обрати на, како што вели, „апатичните надпартиски негласачи“, објаснувајќи на едноставен начин како функционира македонскиот изборен систем без цензус и според Донтова формула.

Сиљановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера, од кампањата не може да направам разлика за какви избори се работи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува претстојните локални избори да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат како што сакаат, но укажува дека според реториката во кампањата многу е тешко да направи разлика за какви избори се работи.

ДИК: Осум избирачки места во Тетово се префрлаат во нови објекти

ОИК Тетово информира за промена на објектот за гласање на осум избирачки места. Тоа се места кои се наоѓаат во двата училишни објекти кои во моментот се реконструираат. Станува збор за објектот на познат како „Старо медицинско“ кај реката и Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ односно „Текстилно школо“.

МОНИТОРИНГ И АНАЛИЗИ

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

Скандал ја потресе општина Кичево откако на социјалните мрежи се појавија аудио снимки со компромитирачка содржина, објавени од профил со името „Ел Чека“. Според описот на снимките, наводно се слуша глас за кој се тврди дека е гласот на актуелниот градоначалник на Кичево, и кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Фатмир Дехари, во разговор со вработена во општината. Во објавите се наведува дека снимките содржат експлицитни сексуални алузии и непристојни коментари, наводно направени во работно време и во простории на општината.

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избор

Две фотографии објавени на социјалните мрежи на неколку дена пред локалните избори, на кои поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски е забележан деновиве во Охрид во друштво на членови на ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ, ја разбрануваа политичката сцена во Македонија. На првата Црвенковски е фотографиран како на иста маса седи со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и Јован Мирчевски – сопственикот на „Пупе Компани“.

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија

Во последните години Кина постепено го зацврстува своето присуство во Северна Македонија преку стратегија на „мека моќ“ – комбинација на културна дипломатија, академска соработка и технолошки донации. Таа стратегија е насочена кон создавање позитивен имиџ за Кина, нејзиниот модел на развој и нејзините компании, во контекст кога земјата е членка на НАТО и се стреми кон членство во ЕУ. Таа стратегија е особено видлива преку образовниот систем и универзитетите, присуството на кинески компании во ИКТ секторот, како и преку користење на кинеската социјална платформа ТикТок.

Во контекст на претстојните локални избори во земјава, кинеската „мека моќ“ делува суптилно, преку оформување на јавно мислење што го гледа кинескиот модел како поефикасен, стабилен и помалку условен од западниот. Во оваа рамка, сè поголем акцент се става на БРИКС – економскиот сојуз во кој Кина има водечка улога.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ