• Latest

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА СООПШТЕНИЈА

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025 16:38
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторинг-тимовите на ЦИВИЛ во текот на изборниот ден регистрираа повеќе случаи на помали нерегуларности поврзани пред се со техничкиот аспект на спроведување на изборниот процес – доцнење и технички проблеми со фингерпринт апаратите.

Понатаму, се бележи кршење на изборниот молк, како во текот на вчерашниот ден, агитација и пропусти во организацијата на избирачките места низ државата. 

Пет случаи со починати лица кои фигурираат во ИС, групно гласање, непрописно однесување на дел од членови од ИО се дел од обработените извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ до 14: 30 часот, посочи Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на втората прес конференција во 14: 30 часот.

Сите информации се добиени од набљудувачи на терен и се нотирани во редовниот извештај за текот на изборниот процес. 

Во текот на изборниот ден според нашите набљудувачи беа регистрирани проблеми со апаратите за отпечаток на прст во над десет општини и тоа во Битола, Сарај, Гази Баба, Кичево, Кисела Вода, Кавадарци, Центар, Прилеп, Чаир и Бутел, Аеродром, при што дел од гласачките места започнаа со доцнење, имаше несогласувања во бројките на гласачи и ливчиња, како и неправилно прикажано време или технички дефекти на уредите.

Во Крушево и Центар нашите набљудувачи забележале дека нема пристапност за лицата со попречености.

Во Кичево, ИМ 0791 (ОУ с. Црвивци) Членовите на ИО немале беџови за идентификација.

Крушево, ИМ 1191 (ОУ „Никола Карев“, долна зграда) не била истакната листа на кандидати и советнички листи. 

Во Тетово, ИМ 1989/1 (Средно медицинско училиште „Никола Штејн“)
Членовите на ИО не биле сигурни дали набљудувачка од ЦИВИЛ има дозвола за присуство. По консултација со заменик-претседателот, набљудувањето било дозволено.

Непрописно однесување на Избирачките одбори: Во Куманово, ИМ 104 (ОУ „Браќа Миладиновци“), член на Избирачкиот одбор без легитимација се движел низ просторијата и разговарал со познаници во близина на параванот. Станува збор за претседателка на ИО која била на замена до 9 часот. Во Кичево, ИМ 0795 (ОУ с. Шутово), членка на ИО им укажувала на гласачите како да гласаат, гестикулирајќи кон бројот на одреден кандидат. Во Гази Баба, ИМ 2843 (ОУ „Стив Наумов“), на 20 метри од училиштето бил активен штаб на политичка партија, со присуство на партиски активисти кои влегувале и излегувале.

Во Крушево и населба Тризла, Прилеп забележани се вкупно 4 случаи на групно гласање. 

Во ИМ 2703 Аеродром Починати лица се уште стојат во ИС, едниот е починат пред 4 год, а другиот е починат пред 2 год. Членовите од семјествата пријавиле и лани за истиот проблем и оваа год повторно фигурираат во Избирачкиот список

Во 0744, Кичево од 11:42 до 12:42 часот, гласањето било прекинато поради проблем со системот за вода и капење вода од таванот. Во моментот на пристигнување на набљудувачката на ЦИВИЛ имало голема редица пред вратата и низ целиот ходник, гласачите чекале да гласаат. Членот на избирачкиот одбор вербално реагирал, изразувајќи незадоволство за тоа што треба дополнително да се занимаваат со нејзиното присуство како набљудувач.  

По вториот прес имаше и вонредно вклучување со Биљана Јордановска и Дехран Муратов од ЦИВИЛ со најновите извештаи од теренот што во меѓувреме пристигнаа од набљудувачите.

Дерала ги повика граѓанките и граѓаните кои се соочуваат со пречки при остварување на своето право на глас, дека  можат да пријават изборни нерегуларности во ЦИВИЛ на следниве начини:

📧 Е-пошта: monitoring.civil@gmail.com
💬 Порака на Фејсбук

(не во коментари, туку преку Messenger)
📞 Телефон: 02 5209 176

🖥️ На располагање е и ОНЛАЈН ПРИЈАВА на изборните нерегуларности.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ