Мислам дека демократската свест, не нужно значи и политичка култура. И отсуството на политичка култура ја прави демократската свест да бара „цврста рака“ или авторитарен систем. Меѓутоа, „цврстата рака“ според мене, не мора по автоматизам да значи авторитарен систем, посочува Никица Корубин, на панелот „ Демократско назадување: Импликации и последици“.
„Цврстата рака“ повеќе ја гледам во смисла на систем кој ќе владее. Функционален систем, дали тој ќе биде еден човек, или функционална држава, или власт, мислам дека тоа е потребата на луѓето кога ќе кажат „цврста рака“. Тоа не ја исклучува нивната демократска свест. Бидејќи врвната демократска свест, е правото ние да говориме и да го искажеме сопственото мислење.
Но, правото да говориме и да го искажеме сопственото мислење можеме да го имаме во демократијата. И тоа е таа цака, финеса што не ја разбираме. Од позиција на демократија, може да посакуваме авторитарен режим, може да се воодушевуваме на Путин, да се воодушевуваме на Вучиќ, Орбан, на кого сакате, но од позиција на демократија тоа го кажуваме. Не го кажуваме од позиција на авторитарен режим. Да живееме во авторитарен режим, ние нема да го имаме правото да кажеме што сакаме. Тоа е таа разлика.
Сепак мислам дека граѓаните имаат врвна демократска свест, во однос на околностите во кои живееме, контекстот во кој живееме и контекстот од кој произлегуваме, вели Корубин, и се осврнува на одредена анкета која има конфузни резултати во однос на одговорите на граѓаните, во однос на НАТО, ЕУ итн., но и дека околу 70 отсто од граѓаните се сепак за влез во ЕУ, а на анкетата одговараат од позиција на демократија, или демократска свест.
Демократијата значи дека секој од нас учествува во управувањето, клучот е како ќе управуваме со државата, со системот, со нашите животи.
Демократската свест на луѓето треба да се негува на секој начин, а и ова е токму тоа во овој момент, порача Корубин.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети