• Latest

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

Наместо извинување - советник од десничарската МААК со демантот го потврдува расизмот кон Ромите во Неготино

October 24, 2025 12:06
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Советникот на партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК) во Неготино, Љубе Темелков, излезе со демант по објавите дека упатил експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница. Темелков реагира на написите во кои беше пренесена неговата објава на социјалните мрежи од 20 октомври, во која тој, по првиот круг на локалните избори, напиша:

„Ѓупците од Криволак со ѓупска работа решаваат со нас 15.000 во Неготино дали ќе живееме во здрава животна средина или ќе нè заебаваат во здрав памет со платени гласови… Тоа не може да биде и на Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“, напиша тогаш Темелков.

ДЕМАНТ на Љубе Темелков Советник на МААК во Неготино го пренесуваме во целост:

Јас Љубе Темелков ниту сум ги спомнал ниту навредил Ромите во Неготино. После мојот прес е организирана хајка против мене за употреба на зборот “ѓупци” кој никако не е употребен во конотација да навреди ни една етничка група туку да ги посочи поткопувачите на гласови кои ја менуваат сликата во советот на град Неготино.

Во народот ѓупа е карактеристика за не чесен човек без разлика од која етничка заедница доаѓа.

Ако некоја етничка заедница се има препознаено во мојата изјава, тоа е грешка затоа што јас не со тој збор не етикирам етникум туку човечка особина на нечесност, пишува на Фејсбук, Љубе Темелков Советник на МААК во Неготино.

Тој во видео обраќање на Фејсбук и на фејсбук страницата Неготински глас нагласи дека против Ромите нема ништо и ниту ги спомна во неговите јавни обраќања.

Против Ромите немам ништо и ниту се спомнати во моите пресови. Јас ги спомнувам ѓупците. Зборот Ѓуптин во Неготино го употребуваме сите без разлика на неговата етничка припадност. Ѓуптин значи човек без достоинство и без чест без разлика дали е Македонец или Американец, дали е директор или е земјоделец. Ѓуптин е човек без чест и без достоинство… Ромите не ги спомнувам никаде – „џупска работа значи кражба“.

Иако формално е претставен како демант, изјавата на советникот Темелков всушност го продлабочува проблемот. Наместо извинување или повлекување на навредливите зборови, тој повторно ја оправдува својата реторика и ја релативизира употребата на расистички изрази. Со тоа, демантот не ја ублажува, туку ја потврдува неговата националистичка и омаловажувачка позиција кон ромската заедница.

Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)

Фото: Принтскрин од Фејсбук објавата на советникот на МААК, Љубе Темелков

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ