• Latest

ЦИВИЛ не е украдената техника, туку илјадници граѓанки и граѓани на Македонија!

May 3, 2017

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ЦИВИЛ не е украдената техника, туку илјадници граѓанки и граѓани на Македонија!

May 3, 2017 10:17
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Веројатно слушнавте или прочитавте, драги сограѓани и сограѓанки, дека овој викенд, на најдрзок начин беа ограбени канцелариите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, кои се наоѓаат во строгиот центар на главниот град! За време на празничниот првомајски викенд, кој тимот на ЦИВИЛ повторно го помина работно, на директни средби со жителите на битолско, ресенско, охридско и струшко…  

Пишува: Петрит Сарачини

Кражбата сама по себе е мошне интересна.  Криминалците можеле да земат многу повеќе, но главно се сконцентрирале на претрес на канцеларијата на нашиот претседател Џабир Дерала и на кражба на повеќе лаптопи (без нивните полначи, замислете, кои биле врзани за нив) и на хард-дискови.

„Колатерална штета“ во грабежот се и неколку украдени монитори, телефони, па дури и гитарата на Џабир и еден мој активен звучник – монитор за пеење, веројатно колку да се замачка целта на кражбата, де… На ваков заклучок упатуваат не само неколку парчиња повредна опрема кои останале негибнати, туку и фактот што во една канцеларија, каде што имало и скромна сума пари оставени на маса, не се ни чепнало… Интересни некои арамии….

Туку, не ми е писаниево за да раскажам за ограбувањето на ЦИВИЛ. Кога ќе го споредам овој грабеж со долгите години институционални и вонинституционални притисоци и закани (дури и најбрутални со ликвидација) кои ги трпат луѓето во ЦИВИЛ, грабежот делува како една бенигна епизода во овие години на лудило.

Тоа што јас би сакал во оваа прилика, општо до граѓанството, но пред сè до арамиите, нивните можни први „муштерии“ или наредбодавци, сеедно, како и до оние кои ликуваат и мислат дека сме ни направиле некаква битна штета, лично да упатам неколку пораки:

Будали едни! ЦИВИЛ не се неговите украдени лаптопи и хард-дискови! ЦИВИЛ, освен тимот од врвни професионалци и стручњаци, се стотиците членови, набљудувачи, волонтери, соработници… ЦИВИЛ се илјадниците граѓани кои ги среќаваме секојдневно, по улиците насекаде низ Македонија, кои ни даваат безрезервна поддршка!

На секоја работилница, семинар, настан на улица, без оглед на темата и активностите, во секој град – колку што е поголем притисокот кон нас, толку повеќе расте бројката на нашите поддржувачи! Секој ден среќаваме нови лица, посетители, учесници, членови, волонтери, соработници, луѓе кои нè контактираат, бараат помош од нас, нè информираат за разни злоупотреби, кршења на нивните права… Млади и возрасни, жени и мажи, со различни припадности и убедувања, луѓе кои ни веруваат, кои знаат дека ЦИВИЛ поразбира слобода, еднаквост, почит и грижа кон сите граѓанки и граѓани подеднакво!

Деновиве бевме во Гостивар, Штип, Скопје, Велес, Битола, Ресен, Струга и Охрид… Стотици граѓани ја потпишаа „Граѓанската повелба“, светски документ за активно граѓанско учество во процесите на одлучување. Не знам дали знаете, оваа акција ја покренаа 50 светски познати и значајни граѓански организации. И ЦИВИЛ е меѓу нив. Верувам дека ова, само по себе, говори за влијанието и значењето на нашата организација, која одамна ги надминува и локалните и регионалните рамки.

Во градовите што ги посетивме, одржавме и работилници за граѓанско новинарство. На секоја од нив – десетици граѓан(к)и што сакаат да дознаат практични и лесно совладливи техники и трикови за тоа како да си помогнат себеси, а и на општеството, во една мошне важна битка, битката за вистината, за слободни медиуми, за слобода на говор, за што поуспешно информирање на граѓаните за сè што ни се случува, за битните работи за нашите животи… А не за оние што ни ги наметнуваат интересите на моќниците кои ги контролираат влијателните медиуми.

Ете не утре (четврток), со една таква работилница во Тетово, и со отворен штанд за да побараме од тетовчанки и тетовчани поддршка за „Граѓанската повелба“. Арамиите можеби ќе се обидат повторно да не ограбат или да ни направат некоја друга беља. Можеби овојпат наместо по податоци, ќе се пуштат во потрага по азното на Сорос, сè бива во ова лудило… Но, ние не се плашиме и нема да застанеме! Продолжуваме, заедно со граѓаните, по нашиот пат, патот на слободата, еднаквоста, правдата и правата, демократијата! Посветени и решителни, како никогаш досега!

 

Tags: Граѓанска повелбакражбалаптопопремаподдршкаслободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ