• Latest
Џелал Хоџиќ, СДА Македонија, 1 февруари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Изолационистичката политика ја оддалечува Македонија од европските и регионалните стандарди

March 11, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Изолационистичката политика ја оддалечува Македонија од европските и регионалните стандарди

Претседателот на СДА Македонија предупредува дека економските показатели и животниот стандард покажуваат сериозно заостанување зад регионот.

March 11, 2026 13:09
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Џелал Хоџиќ, СДА Македонија, 1 февруари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија, 1 февруари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Според претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, доколку владата продолжи со, како што ја нарече, изолационистичка политика и со политики кои ја поткопуваат европската перспектива на државата, Северна Македонија ризикува дополнително економско заостанување.

„Додека владината пропаганда се обидува да ја убеди јавноста дека македонската економија бележи раст, реалните економски показатели и релевантните анализи покажуваат сосема поинаква слика – граѓаните на Северна Македонија денес имаат понизок квалитет на живот од граѓаните во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија“, изјави Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА, по соопштението што го објави неговата партија денеска.

Разликата станува уште поочигледна кога ќе се споредиме со земјите од Европската унија во нашето соседство. Квалитетот на живот на нашите граѓани одамна не може да се споредува со оној во Хрватска, Грција и Бугарија.

„Наместо да се приближуваме кон тие стандарди, ние се оддалечуваме и од регионалниот просек“, посочи Хоџиќ.

Според првиот човек на СДА Македонија, стандардот на граѓаните на земјава, за неколку години нема да може ни да се споредува со оној на земјите во регионот.

„Ако оваа политика продолжи, за неколку години стандардот на граѓаните на Северна Македонија нема да може да се споредува ниту со стандардот во Црна Гора и Албанија, особено кога тие држави ќе го продолжат својот европски пат и ќе станат дел од Европската унија. Тоа би значело дека наместо да се движиме напред, ние ќе останеме заглавени во изолација и економска стагнација“, изјави Хоџиќ.

Претходно, од партијата СДА Македонија обвини дека изолационистичката политика на владата ја води македонската економија кон сериозна криза и пад на животниот стандард на граѓаните.

Според партијата, блокираниот европски пат на Северна Македонија ја вовел државата во општествена криза која веќе има негативно влијание врз економијата. Од СДА Македонија тврдат дека, и покрај владините тврдења за економски раст, релевантните анализи покажуваат дека квалитетот на живот на граѓаните во земјата е понизок во споредба со граѓаните во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија.

Од СДА Македонија истакнуваат дека минималната плата во Северна Македонија е пониска од минималната плата во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија.

Во соопштението се наведува и дека странските инвестиции во 2025 година изнесувале 467,5 милиони евра, што според СДА Македонија претставува пад од 61% во споредба со 2024 година.

Од партијата оценуваат дека ваквите економски показатели се резултат на, како што велат, „неодговорна владејачка структура која неуспесите ги прикрива со националистичка реторика“, додека економијата се соочува со сериозни предизвици.

ЦМ Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ