• Latest

Режимот е на колена, апашите ги фативме. Што чекаме?

May 15, 2017

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Режимот е на колена, апашите ги фативме. Што чекаме?

May 15, 2017 11:59
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Шумската полиција последен пат добила униформи од државата пред 11 години. Обновувањето на униформата не е мал товар со ниската плата што ја добиваат. Полицијата и армијата не се во многу подобра позиција – стари униформи и обувки, ниски плати, неисплатени дневници за прекувремена работа. Безбедноста на земјата е на колена. Насилници, терористи и тешки криминалци напредуваат во службата, а чесни, посветени и професионални кадри се уназадуваат.

Пишува: Џабир Дерала

Малиот Фетах, кој низ солзи ја раскажа немаштијата на своето семејство, ја разбуди хуманоста на луѓето. Тие се организираа на социјалните мрежи и му помогнаа на семејството. Една третина од населението на Македонија е сиромашно и често нема пари ни за леб.

Социјалните служби и агенцијата за вработување сè уште се дел од партиската машинерија на криминалната власт. Да, власта сè уште ја има ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со Ѕинго и Ахмети. Овој вториов си обезбеди место и во новата власт која е само бледо-формална. Останатото е во рацете на братучедите на чело на фашо-мафијата.

Апаши, насилници и убијци ни шетаат пред носот. На бегалецот од законот, Кочан, потерницата од грбот му ја симна Врховниот суд. Судството во Македонија до вчера изрекуваше притвор и пресуди со долги затворски казни за невини луѓе и политички неистомисленици. Или за украдени ќебапчиња. Сега судииве ослободуваат тешки криминалци кои украле милиони токму од оние што ги плаќаат и судиите – граѓанките и граѓаните на оваа земја, истите кои живеат сè помизерен живот. Знаете што? Тие судии треба да бидат уапсени за опструкција на правдата, во првиот миг кога ќе завладее правото во Македонија. Кој ќе им прости, соучесник е.  Овие денови ќе ви раскажам како си поминав јас на суд со ѕингоидите. Горко ќе се смеете. Ама судијкана нема да се смее, сигурен сум.

До колена се во крв и тешки свињарии, разголени се и разобличени. И уште се на власт, фактички. Нема зошто да им се дозволи ни една минута владеење со животите на луѓето. Речиси пола година помина. До крајот на мандатот остануваат уште три и пол. Во „идеални“ услови. Затоа, кажав многу пати и пак ќе извикам: Нема време за „стратешко“ чекање! Автократскиот режим е на колена, криминалците се разобличени. Што чекаме?

Print Friendly, PDF & Email
Tags: безбедностврховен судГруевскиКочанкриминалцинасилснициполицијаСЈОтерористи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ