• Latest

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се фали со историски успеси и „најниско ниво на криминалитет“, опозицијата нуди реакции без ефект, ЦИВИЛ во континуитет алармира за политички реваншизам, комичен однос кон хибридните закани и опасност од масовниот надзор кој се продава како безбедност. За тоа време, безбедноста се сведува на партиско-владин ПР без покритие во реалноста.

June 27, 2026 15:35
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала
Во соработка со ЦИВИЛ – Тим за мониторинг на хибридни закани / ЦХТМ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го презентираше двогодишниот отчет за работата на МВР, обидувајќи се да нацрта слика на институција која функционира беспрекорно. Според неговата презентација во Центарот за обука во Идризово, изминатите две години биле период на историски успеси, проследени со сузбивање на десетици криминални групи и значително намалување на имотниот криминал.

Но, колку оваа статистичка фасада кореспондира со реалното чувство на безбедност кај граѓаните, владеењето на правото и состојбите внатре во самата полиција?

Од „Безбеден град“ до трагедијата во Кочани

Во своето обраќање, Тошковски истакна дека Северна Македонија денес го бележи „најниското ниво на криминалитет во последните 20 години“. Министерот посебен акцент стави на проектот „Безбеден град“, тврдејќи дека само во првите месеци од неговата примена, драстично е намален бројот на жртви во сообраќајот.

Цинично, трагедијата во Кочани беше посочена како еден од најголемите „успеси“ на неговата администрација. Тошковски тврдеше дека МВР ја спровело најобемната истрага во поновата историја, која резултирала со кривични пријави против поранешни и актуелни функционери, градоначалници и полицајци, испраќајќи порака дека „мора да има одговорност“ без разлика на политичката припадност. Дополнително, тој од собраниската говорница неодамна се самопрогласи за првиот „нормален“ министер во последните две децении, што предизвика потсмев кај дел од јавноста.

Реакциите на опозицијата

Зад сјајната фасада на статистиката, реалноста на секојдневието е сосема различна. Опозицијата реагира, но тие реакции често остануваат без суштински ефект. Од опозицискиот табор со право укажаа на екстремното лицемерие во случајот со Кочани, со валидниот аргумент дека ниту еден полициски службеник не беше повикан на одговорност сè додека родителите на жртвите и граѓаните не излегоа на масовни протести низ улиците.

Сепак, во еден стеснет и заробен медиумски екосистем, каде што гласот на опозицијата е неопходен за демократскиот баланс, нивното дејствување често не успева да се наметне како суштинска алтернатива. Опозицијата има свои слабости и пропусти кои заслужуваат критика во некоја друга прилика. Тоа што овде треба да се истакне е дека товарот за вистински мониторинг и коректив на власта сè повеќе паѓа врз граѓанскиот сектор и независните медиуми. А тие – барем оние што се поврзани со ЦИВИЛ – се соочуваат со притисоци, судски процеси, кампањи за валкање, па и смртни закани, како и со сериозни финансиски тешкотии.

Помеѓу ПР-от и реалноста

ЦИВИЛ во изминатите две години континуирано ја следи и критички ја анализира работата на Министерството за внатрешни работи. Мониторингот и анализите покажуваат слика која драстично се разликува од онаа во ПР-брошурите на Владата:

Комичниот одговор на хибридните закани

Еден од најкритичните аспекти, на кој ние во ЦИВИЛ во континуитет предупредуваме, е апсурдниот однос на власта кон хибридното војување. И покрај засилените дезинформациски кампањи и малигните руски наративи во регионот, пристапот на министерот Тошковски, придружуван од премиерот Христијан Мицкоски и првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сведе на несериозно и смешно третирање на овие закани. Нивните настапи предизвикаа потсмев во јавноста, но зад тоа се крие сериозна опасност: ваквиот дилетантски пристап ја остава државата целосно ранлива и го поткопува севкупниот безбедносен систем.

  • Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели
  • (ВИДЕО) Стојанче објасни: Хибридните напади се како хибридна кола, отприлика тоа е, мислам
  • Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
Селективна правда, неказнивост и извештаи за политички реваншизам

Наместо институција која гарантира дека законот важи подеднакво за сите, сведоци сме на зачестена селективност. Додека МВР се фали со казнување на ситни прекршители, крупните корупциски скандали често остануваат заглавени во фиоките на полициските инспектори.

ЦИВИЛ во овој период регистрираше бројни и загрижувачки пријави од вработени во безбедносниот сектор кои укажуваат на можен политички притисок и реваншизам внатре во структурите на Министерството. Според наводите во овие претставки, професионалци се соочуваат со деградација и преместувања поради сомневања за нивната политичка неподобност. Доколку овие индиции се точни, тоа претставува грубо кршење на работничките права и пракса која го урива оперативниот капацитет на институцијата, ставајќи ја партиската послушност над професионалниот интегритет.

Крвавата реалност на улиците

Додека се презентираат проценти за намален криминал, изминатиот период јавноста беше сведок на серија брутални убиства и вооружени пресметки низ улиците. За граѓаните, општата статистика не значи многу кога ваквите тешки злосторства премногу често добиваат бавна разрешница или остануваат со нејасен епилог. Вистинската безбедност значи ефикасен систем кој брзо и неселективно ги решава овие случаи, а не само фризирани бројки во министерска презентација.

  • Убиства имало и ќе има – оставки немало и ќе нема
Неодговорените прашања за скандалите со марихуаната

Иако министерот во својот отчет триумфално се фали со запленети наркотици, во јавноста останаа отворени низа прашања за скандалите поврзани со бизнисот со марихуана. Наместо јасна, транспарентна и бескомпромисна завршница која ќе ги отстрани сите сомнежи, недостатокот на транспарентни информации остави впечаток на селективност. Ваквиот пристап отвора легитимни прашања во јавноста и кај граѓанскиот сектор за тоа дали постои целосна политичка волја за расчистување на евентуалните спреги со моќните структури во овој бизнис.

  • Како стана актуелен романот „Внимавај така да останам невина“
  • Од Овче Поле до Европа: Марихуаната, политиката и заштитениот криминал
  • За еден џоинт притвор, за 40 (+5) тони марихуана никој не е одговорен
„Безбеден град“ или инфраструктура за масовна контрола?

Додека министерот со посебна гордост го презентира проектот „Безбеден град“ низ призмата на сообраќајната статистика, тој свесно ги игнорира застрашувачките последици по човековите права. Во институција која веќе демонстрира селективност, воведувањето на масовен видео-надзор без строга демократска отчетност не е чекор кон безбедност, туку кон авторитаризам. Граѓаните престануваат да бидат луѓе на кои системот им служи, туку стануваат субјекти на податоци. Кратко и јасно: Безбедноста мора да ѝ служи на слободата, а не да ја замени!

Политички театар

Безбедноста не се мери со бројот на издадени сообраќајни казни или со проценти извадени од контекст за потребите на партиско-владиниот ПР. Безбедноста, пред сè, подразбира доверба на граѓаните во институциите – доверба дека системот ќе ги заштити и дека полицијата е сервис на граѓаните, а не продолжена рака на владејачката партија.

  • Уф, како се чувствувам безбедно!

Отчетот на Тошковски можеби звучи добро на хартија, но реалноста на улиците, сомнежите за притисоци врз професионалците во полицијата и континуираните критики говорат поинаку. На МВР му е потребна суштинска департизација, крај на реваншизмот, сериозен пристап кон современите хибридни закани и вистинска отчетност пред граѓаните. Сè друго е само опасен политички театар.


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ