Неколку значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press се достапни во книжарницата „Или-Или“. Во време кога цените вртоглаво растат, оваа акција нуди навистина пријателски цени (100 денари по примерок), како дел од заедничка акција на издавачите и книжарницата во екот на летните одмори.
Во понудата на ЦИВИЛ се книги што отвораат важни теми за слободата, уставноста, демократијата, и отпорот против агресијата и авторитаризмот. Меѓу достапните изданија се „Белешки за македонскиот конституционализам“ од проф. Љубомир Д. Фрчкоски, „Во чекалницата на слободата“ од Сашо Орданоски, „Украина – година на хероизмот“ и „Рафал“ од Џабир Дерала,.
Изданијата на Фронтлајн Прес понудени во оваа акција отвораат важни прашања за политиката, вештачката интелигенција, митологиите на моќта и современите предизвици пред јавната мисла. Тоа се книгите „Човекот, роботот и дигиталниот Бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски, како и „ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ“ од Бранко Тричковски.
Летната акција е можност читателите да дојдат до овие изданија по достапни цени и да изберат книги што поттикнуваат размислување, критички став и ангажиран однос кон времето во кое живееме. По завршување на летните одмори, ЦИВИЛ и Frontline Press ќе организираат средби со читателите на кои ќе се дискутира за темите во изданијата. Влезница на тие настани ќе биде прикажан примерок од купена книга од издавачите.
Акцијата е заеднички придонес на издавачите и книжарницата за поголема достапност на овој вид литература и поблиска комуникација со читателската публика.
Б. Ј.













