• Latest
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

Во вмровските кругови отсекогаш гласовите на иселениците се сметале за лесно добиени поени во изборна трка. Дури и најлесно освоени пратенички столчиња што можат да се замислат. 

July 16, 2026 10:33
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Нашиот иселеник Душан Синадиновски, кој живееше во Детроит, а можеби и сега таму живее, започна да објавува статии во „Глобус“ кога тој излегуваше во печатен формат. Но и подоцна, кога неделникот почна да излегува само онлајн. Неговите истражувања за идентитетските претставувања на доселениците во САД често се посочувани, а во „Глобус“ објави цела серија за неговите истражувања од архивите на островот Елис, онаму каде што прекуокеанските доселеници биле дочекувани од емиграциските органи.

Постоел и карантин кој бил обврзувачки за да се спречи влез на евентуално болни лица кои можат да рашират зараза, ама тој повеќемесечен претстој таму овозможувал да се допре и до нивната национална идентификација. Да не говориме за тој феномен – како американските власти го третирале тоа прашање – во овој повод, битно е дека тој тоа истражување го правел, што се вели, на негов трошок. Бил истакнат член на иселеничката заедница во споменатиот индустриски град и на еден од изборите во времето кога им беше овозможено да гласаат, но и да се кандидираат по континенти, беше истакнат како кандидат на листата на СДСМ за американскиот континент. За оваа кандидатура, освен неговите статии, секако влијаело и тоа дека тој бил ценет во средината во која живеел, заради неговото помагање на ширењето на МПЦ во САД, според написите на уважениот Славе Николовски Катин.

Синадиновски, по потекло од тетовско, опиша како одело гласањето – во Детроит дошле најмени автобуси од нашето ДКП и однеле само 300 гласачи со однапред напишан список до најблиското место каде можело да се гласа (Чикаго). Иако бил кандидат на една легитимна партија, нему не му било дозволено да влезе во ниту еден од паркираните автобуси, иако тој самиот бил кандидат (!). Ми напиша на мејл дека многу се разочарал од тој настан и дека се повлекува од можноста во иднина да биде политички активен – и преку оваа, вака организирана форма на наводна демократија. Дури и престана да пишува, барем во позната форма и кон позната адреса (Глобус).

Го кажувам овој случај, само за да илустрирам каде нѐ води ова враќање назад кон бришаниот простор, каде се можни стотина девијации на изборниот процес, а сега е во вмровски план за негово „експлоатирање“ токму на истата партија, која секако ќе спроведе селективен пристап на гласовите од дијаспората.

Постои и јасното прашање – зошто пак дијаспората која ни малку нема да го почувствува резултатот од својот избор врз својата кожа? Но и како ќе се валоризира релевантноста на тоа гласачко тело, кога ниту се знае кои се наши државјани таму, кои од нив се регистрирани, а кои не се и како ќе се вреднува тој факт на „регуларен гласач“.

Да, иницијаторите ќе кажат – нема автобуси сега, како во споменатиот случај, ќе се гласа електронски! Така, ама нема никаква контрола кој сѐ ќе гласа, колку пати, дали гласачот е наш државјанин или не е, а неговите стигнале во САД пред еден век, го смениле името или влегле таму со лажен пасош (за двата феномени пишуваше и Синадиновски во неговите истражувања), бидејќи, при први рестрикции, а нив не ги прави само претседателот Трамп, постоело правило „последен дојден, прв излезен“.

Во разговорот со некои од негласачите во САД за пописот на населението кај нас се виде дека постои една мрзеливост, најнапред во однос на техниката на гласање на овој начин, а потоа кога сами ќе го согледаа тоа, велеа дека се плашат дека „некој може да ги злоупотреби“ нивните изјаснувања (податоци), притоа и дека се далеку од земјава за да „исправаат криви Дрини“ потоа. Па токму ваквите учества во пописот може да обезбедат каков-таков легитимитет за попишаните и да дадат некаква основа за било какво ново изјаснување по електронски пат!

Ситуацијата со регистрацијата на дијаспората не овозможува правичност при определбата „наш“ или „не е наш“, па појавува нерамноправност меѓу самите македонски Американци, а да зборуваме за нерамноправноста во односот меѓу тие гласачи од преку Океанот и оние кои живеат во земјава!

Впрочем, мора да се признае дека повеќето наши државјани во САД и тоа во големо мнозинство, не учествуваа на пописот кој го имавме во 2021 година, иако истиот беше многу едноставно замислен и лесен за изјаснување (електронски, како што е замислено и гласањето). Но, иселениците очевидно немале во себе инерција да кликнат на компјутерот!? Имаше разни оправдувања, а меѓу другото беше страв од манипулација со нивниот идентитет. Едноставно, на тој процес не сакаше да му се даде значење, па ниту „патриотско“ – тие манифестации се чуваат само за време на нивниот престој во татковината, можеби веќе следното лето. Зошто ние и ден денес не знаеме колку наши граѓани живеат преку Атлантикот?

Го велам ова заради јасниот статистички податок дека претседателските избори, кои се навидум повод за оваа „реформа“ никогаш не даваат бројка на излезност над 50 отсто, а како мерка се зема бројот на гласачи (ние сме инаку феномен – имаме 1,8 милиони жители и исто толкав број гласачи и треба да влеземе во Гинис) за релевантна појава на гласачкото место во однос на масата запишани гласачи! А тоа оваа власт, очевидно сака да го избегне, барем меѓу другото. Како ќе се квантифицира излезноста на непознат број гласачи односно иселеници од земјава? Или сега тоа не е важно, само за да се сочува легитимноста на претседателските избори односно избраниот кандидат?

Еден гостин во ТВ Сител на денот на расправата за промената на изборниот систем (во понеделникот кај уредникот Валентин Николовски) рече дека ниту едни претседателски избори за претседател кај нас не можеле да поминат излезност од 50 отсто. Дури и последните во 2024 година во вториот круг покажале излезност од 47 отсто, што не делува уверливо за било каков избор на гласачите „од срце“, иако кандидатката која победи – Гордана Силјановска Давкова имаше над половина милион гласови зад себе! Но, никој не сака да чепне во фактот дека ние имаме, во основа, надуен број на гласачи на изборите, иако е очевидно дека земјава опустува. На сегашниот избирачки список кој е некаква Алимбегова слама, сега треба да додадеме уште еден извор на нови сомнителни изјаснувања.

Морам да кажам дека искрени вмровци и тоа од поголем маштап секогаш гласовите од иселениците ги броеле како „три од карти“, најлесен начин, кога тоа можеше да се добијат три пратеници веднаш (од Америка, Австралија и Европа). А се гледаше во некои ТВ прилози од Австралија како автобусите таму, платени од нашите ДКП-еа се враќаат пред амбасадата празни, одвај со по некој човек и без знаме од Вергина (!) во нивните раце – џабе бензинот, но тие гласови вредат поединечно како десетици илјади гласови во земјава за едно пратеничко место! Уште се велеше – три пратеници од дијаспората и три од позиција на држава (алаш вериш, би рекле Турците), ВМРО во стартот на изборите ќе има шест пратеници, што е добар резултат на некоја средна по моќност партија!

Така доаѓаме до вистинскиот мотив за барање за проширување на листата на гласачи преку дијаспората, како компензација за изгубените гласови при последното изјаснување на локалните избори 2025 година.

И тоа станува единствен мотив за промена на Изборниот закон на крајот на краиштата.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ