Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, е организатор, модератор и воведничар на дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, што се одржа на 30 јули 2026 година, во Скопје. Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина е блокирана однадвор или државата свесно се повлекува од европскиот пат, додека политички, медиумски и економски сè подлабоко се вградува во орбитата на „српскиот свет“.
„Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ“ – рече Хоџиќ, меѓу другото, во својот воведен збор на дебатата.
Целата дебата во органзација на СДА Македонија „Меѓу ЕУ и српскиот свет“ е достапна на Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Дебатата се одржа на 30 јули во Скопје.
Во дискусијата учествуваа Никица Корубин, поранешна пратеничка и колумнистка; Роберт Алаѓозовски, критичар и поранешен министер за култура; проф. д-р Ана Чупеска, претседателка на Советот на СДСМ; Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА; Џабир Доко, генерален секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП); и Петрит Сарачини, новинар и граѓански активист.
Д. М.












