• Latest

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026 07:15
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИСТРАЖУВАЊА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Иванов

Општествата кои не учат од сопствените катастрофи не се жртви на лоша судбина. Тие се жртви на сопствената институционална амнезија. Со години се убедуваме дека катастрофата започнува во моментот кога ќе пламне шумата, кога ќе надојде поројот или кога чадот ќе го затвори тунелот. Кај нас, почитувани, катастрофата започнува месеци и години порано, во канцелариите каде што се кројат законите, се распишуваат тендерите и безбедноста на граѓаните се третира како административна форма што треба само да се покрие со хартија.

Во македонскиот безбедносен лавиринт, токму кога помисливме дека по огнените сезони, поплавите и кобната национална траума во Кочани во 2025 година конечно сме го допреле дното на системската импровизација, реалноста ни испорачува нов, речиси надреален парадокс.

Протекоа информации и си мислам дали ние тоа навистина живееме во држава во која непрофитни доброволни здруженија добиваат милионски тендери за професионално 24-часовно обезбедување на автопатски тунели? И дали тоа сакаат да го прават со камиони добиени како странска хуманитарна донација, а во нив да дежураат пензионери и преморени активни пожарникари ангажирани со договори на дело? Ангажирани од штабот?

Наместо државата да го запре овој правен и оперативен нонсенс, денес гледаме сериозни индиции дека се подготвува терен аномалијата да се легализира преку воведување „приватни противпожарни друштва“. Тоа не е реформа. Тоа е продолжување на разградувањето на јавниот Систем за заштита и спасување.

Кога волонтерството станува бизнис

За да се разбере длабочината на овој апсурд, не е потребно да се биде врвен правник. Доволно е да се прочитаат основните постулати на правниот поредок. Противпожарната заштита не е слободна пазарна гранка, како трговијата на мало или консултантските услуги. Таа е витална јавна функција за заштита на човечкиот живот! Затоа Законот за пожарникарство, како посебен закон, lex specialis, воспоставува затворен круг на субјекти. Примарната оперативна заштита ја вршат професионалните Територијални противпожарни единици, додека големите индустриски капацитети формираат сопствени внатрешни единици, исклучиво за заштита на своите погони.

Каде се тука доброволните противпожарни друштва? Законот им дал благородна, непрофитна и помошна улога. Тие треба да бидат граѓанска и волонтерска поддршка на професионалците, да едуцираат и солидарно да дејствуваат во локалната заедница. Во нашата транзициска практика, сепак, се случи класично заобиколување на законот.

Откако стана јасно дека Законот за пожарникарство не дозволува приватни комерцијални компании за гаснење пожари, низ прозорецот на Законот за здруженија и фондации беше протнат хибриден модел. Непрофитно здружение на граѓани се појавува на пазарот како економски оператор со претензија да преземе примарна, комерцијална и 24-часовна одговорност за најсложените инфраструктурни објекти во државата, автопатските тунели.

Секој збор во синтагмата „доброволно друштво за комерцијален тендер“ е во судир со следниот. Ако друштвото е доброволно и волонтерско, не може да наплаќа милионски износи за редовна сменска работа. Ако врши примарна професионална дејност за пари, тогаш не е доброволно друштво, туку нелиценциран паралелен оператор кој дејствува надвор од Законот за пожарникарство. Прилично едноставно.

Приказната за двата тунела: Правната неконзистентност меѓу Демир Капија и Пресека

Овој системски дефект најочигледно исплива на површина во тендерската практика на Јавното претпријатие за државни патишта околу противпожарното обезбедување на тунелите кај Демир Капија и тунелот „Пресека“. Читајќи ги јавно достапните документи од овие набавки, човек не знае дали да се восхитува на бирократската креативност или да се плаши од последиците.

За да се избегне директниот судир со Законот за пожарникарство – бидејќи приватни компании за оперативно гаснење пожари законски не постојат, огласите за спасување човечки животи во автопатски тунели беа формулирани како обично „изнајмување на механизација – ПП возило и опрема“. Замислете ја таа административна гимнастика: најсложената спасувачка операција во затворен подземен простор ја сведувате на рентакар за противпожарен камион, добиен како донација!

Станува збор за ист договорен орган, иста држава, ист закон и споредлива критична патна инфраструктура. Сепак, аршините и епилогот ја разобличија целата правна шизофренија на овој концепт. Кај тунелите на делницата Демир Капија – Смоквица со години се толерираше преседанот во кој здружение на граѓани добива договори за континуирано обезбедување (ова сериозно треба надлежните органи да го проверат). Но, кога истиот рецепт се обиде да се протне и кај тунелот „Пресека“ преку договор тежок речиси десет милиони денари (со понуда од неверојатни два денари под прагот од осум милиони денари без ДДВ!) каде командир на ТТПЕ се појавува истовремено во улога на управител на доброволно друштво. Искрено, ова е дрскост надвор од можностите за сфаќање кои ги има било кој има елементарно чувство на достоинство, патриотизам и професионализам. И меурот пукна. Откако аргументите и фактите излегоа во јавноста, тендерските постапки мораа да бидат поништени поради судирот со законските и техничките стандарди.

Поништувањето на тендерите е најсилниот институционален доказ дека моделот е правно неодржлив. Ако доброволно здружение нема законски капацитет да биде носител на примарна професионална заштита во „Пресека“, тогаш по сила на истиот закон не може легално да ја врши истата дејност ниту во Демир Капија, ниту каде било во државата. Сè друго е селективна примена на правото и создавање опасен преседан во јавните набавки.

„Првата минута“, ангажирање на пожарникари, пензионери и донирани камиони

Вистинската драма на овој тендерски модел не е само во правните одредби. Таа е во оперативната реалност на теренот. Пожар во патен тунел е едно од најтешките сценарија во современото пожарникарство. Во затворената тунелска цевка се создава ефект на печка. Температурата за неколку минути може да надмине 1000 целзиусови степени. Нема видливост поради чадот, а токсичните гасови стануваат непосредна закана. Судбината на заглавените патници се решава во првите петнаесет минути.

Со каква импровизација некој се обидува да го пречека тој ризик? Најпрво, со концепт кој директно го нагризува трудовото и безбедносното законодавство. За да се пополнат 24-часовни смени во ваквите шеми, преку договори на дело се регрутираат активни професионални пожарникари од општинските ТППЕ. Тоа веднаш го отвора прашањето за прикривање редовен работен однос спротивно на член 252 од Законот за работни односи. Уште повеќе, член 121 дозволува дополнителна работа најмногу до 10 часа неделно. Една единствена смена во тунел веќе го урива тој законски лимит.

Проблемот е и длабоко практичен. Пожарникарот кој треба да се одмори меѓу две тешки смени во матичната единица, својот одмор го троши дежурајќи за хонорар пред тунел, па се враќа на редовната работа хронично исцрпен. Во исто време, државата живее во опасна статистичка илузија за расположливиот кадар. Во случај на голема катастрофа или поликриза, истиот човек фигурира во два распореда, иако физички не може истовремено да биде на две места.

Во ваквите тендерски комбинации се вклучуваат и пензионери. Државата со причина предвидела бенефициран стаж за пожарникарите. Работата под изолационен апарат, во екстремна температура и затворен простор, бара врвна психофизичка подготвеност. Обидот да се вратат пензионирани лица во првата оперативна линија, покриени со потврди од кратки волонтерски семинари наместо со државно верифицирана квалификација и специјализирана обука за тунелски пожари, е рулет и со нивниот живот и со животите на луѓето што треба да ги спасуваат.

Посебен срам во целата конструкција е опремата. Се планира и се нуди користење на противпожарни возила што странски држави, збратимени општини и меѓународни донатори ги доделиле за заштита на локалните заедници под хуманитарен и непрофитен режим, како средство за конкурирање на комерцијални договори. Камион дониран за да ги штити граѓаните на една општина да се паркира пред тунел за да остварува пазарен приход? Тоа бара сериозна ревизија на условите под кои се примени донациите, даночниот и царинскиот третман, како и фактичката намена на опремата.

Стапицата на „приватните противпожарни друштва“

Кога системот ќе се соочи со сопствената незаконитост и кога тендерите ќе почнат да паѓаат поради судир со законот, тој има два избора. Може да ја врати практиката во рамките на законот. А може и да се обиде да го смени законот за да ја легализира девијацијата. Најавите и предлозите за воведување „приватни противпожарни друштва“, токму во моментот кога стана јасно дека доброволните здруженија не можат легално да ги задржат тендерите, оставаат силен впечаток на обид за дополнителна, ex post легализација на затекнатата состојба.

Треба да се повлече јасна линија. Едно е кога рафинерија, фабрика или аеродром има законска обврска да формира сопствена индустриска противпожарна единица, со редовно вработени професионалци и специјализирана опрема, за да го штити сопствениот технолошки процес. Сосема друго е создавање комерцијални приватни компании што ќе продаваат јавна безбедност на патишта, во тунели и во општини.

Европските искуства, од Хрватска и Романија до Србија, Бугарија и Франција, покажуваат стремеж кон појасна интеграција, силен институционален домаќин и единствена командна вертикала. Македонија веќе има нефункционален дуализам меѓу ЦУК и ДЗС и финансиски изгладнети локални ТППЕ. Отворањето трет, приватно-пазарен фронт дополнително ќе ја усложни командата и целосно ќе ја разводни одговорноста.

Почитувани привремени носители на јавни функции, замислете се што правите.

Логиката на приватниот профит и логиката на јавното спасување едноставно не одат заедно. Профитот бара намалување на трошоците, а подготвеноста бара резервен капацитет, луѓе и опрема што чекаат за најлошото сценарио. Секој јавен денар што се планира за привремени комерцијални аранжмани за „изнајмување механизација“ е денар што не е вложен во јавните ТППЕ, во специјализирани тунелски возила, во обука и во вработување млади професионални пожарникари.

Правни и системски поенти што не смеат да се премолчат

За оваа дијагноза да не остане уште еден апел без последици, заклучоците од правната и стручната анализа треба да се постават како јасни обврски пред институциите:

  1. Заобиколувањето на законот мора да запре. Законот за пожарникарство, како lex specialis, не дозволува комерцијализација на примарната оперативна противпожарна заштита. Настапувањето на доброволни противпожарни друштва на тендери за професионално 24/7 обезбедување, маскирани како изнајмување механизација, е правно неодржливо, и треба да се провери.
  2. Јавните пари мора да го градат јавниот систем. Обезбедувањето на автопатските тунели и критичната инфраструктура треба трајно да се реши преку меѓуинституционално финансирање на надлежните регионални ТППЕ или преку специјализирани државни станици. Јавната безбедност не смее да се префрла на здруженија на граѓани кои добиле опрема од странски држави, а нашата држава на сомнителен начин им ги предала во владение.
  3. Потребна е итна инспекциска и финансиска ревизија. Државниот инспекторат за труд, Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за јавни приходи, Државниот завод за ревизија и надлежните безбедносни инспекторати треба целосно да ги проверат досегашните договори и тендерски досиеја почнувајќи од судирот на интереси и договорите на дело, преку дополнителното ангажирање на активни пожарникари и пензионери, па сè до намерите за комерцијална употреба на возила добиени преку меѓународни донации.
  4. Потребна е интеграција, не приватизација на пожарникарството. На Македонија не ѝ требаат приватни комерцијални противпожарни друштва што дополнително ќе ја зголемат командната магла и организираната неодговорност. Потребно е надминување на паралелизмот меѓу ЦУК и ДЗС и формирање интегрирано Биро за вонредни состојби во рамките на МВР, со јасна линиска команда, целосна стандардизација и автентично, некомерцијално волонтерство по словенечкиот модел.

На крајот, пред носителите на одлуки стојат три прашања. Што научивме од минатите трагедии? Кој, со име и презиме, ќе ја понесе командната и кривичната одговорност ако утре во некој од нашите тунели се случи трагедија со импровизирана заштита? И дали градиме држава што системски ја намалува сопствената ранливост или држава која со јавни пари ја финансира следната катастрофа?

Времето за алибија и правни акробации одамна истече.

 


Извори

  1. I. Законска и нормативна рамка на Република Северна Македонија
  1. Закон за пожарникарство („Службен весник на РМ“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 150/15, 193/15 и „Службен весник на РСМ“ бр. 152/19) – регулатива за субјектите со право на оперативна заштита.
  2. Закон за заштита и спасување („Службен весник на РМ“ бр. 36/04, 49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 41/14, 129/15, 71/16, 106/16 и „Службен весник на РСМ“ бр. 152/19) – субординација и граѓанско учество.
  3. Закон за здруженија и фондации („Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11 и „Службен весник на РСМ“ бр. 239/22) – член 19 и 20 за границите на сродна стопанска дејност.
  4. Закон за волонтерството („Службен весник на РМ“ бр. 85/07, 161/08, 51/11 и „Службен весник на РСМ“ бр. 239/22)- член 6, 10, 13 и 14 (забрана за комерцијално плаќање).
  5. Закон за работните односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05 со изменувања) – член 37 (конкуренција), член 121 (дополнителна работа до 10 часа) и член 252 (договори на дело).
  6. Закон за јавните набавки („Службен весник на РСМ“ бр. 24/19, 87/21, 251/22) – член 90 (професионална способност и лиценци).
  7. Закон за донации и спонзорства во јавните дејности („Службен весник на РМ“ бр. 47/06, 86/08, 51/11, 226/15) – намена на донирана опрема.
  8. Закон за јавните патишта („Службен весник на РМ“ бр. 84/08… „Службен весник на РСМ“ бр. 31/20) – безбедносни обврски на патиштата.
  1. II. Европски директиви и технички стандарди
  1. Директива 2004/54/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 29 април 2004 година за минималните безбедносни барања за тунелите во трансевропската патна мрежа (TEN-T).
  2. Правилник за мерките за безбедност во тунелите на јавните патишта (Република Северна Македонија, заснован на ЕУ Директивата).
  3. EN 1846 (Делови 1, 2, 3) – Европски стандард за противпожарни и спасувачки возила (CEN).
  4. EN 469 – Европски стандард за лична заштитна опрема (облека) за структурно пожарникарство.
  5. EN 137 – Европски стандард за изолациони апарати со отворен круг на компримиран воздух.

III. Научни и термодинамички извори за тунелски пожари

  1. PIARC (World Road Association) / Светска патна асоцијација – „Fire and Smoke Control in Road Tunnels“ (податоци за моќност од 30-200 MW кај шлепери и ефект на печка во тунел).
  2. NFPA 502 (National Fire Protection Association) – „Standard for Road Tunnels, Bridges, and Other Highway Systems“ (криви на температура и токсични гасови во подземна средина).
  3. RWS (Rijkswaterstaat) Curve / Hydrocarbon (HC) Curve – меѓународно признати криви за раст на топлината во тунел (до и над 1.000 °C во првите минути).
  1. IV. Документи од јавни набавки (ЈПДП) и случаи во 2026 година
  1. Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН) – Оглас бр. 13265/2026 (постапка бр. 52/2026 на ЈПДП): „Изнајмување на механизација – ПП возило и опрема за тунел Пресека“.
  2. Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН) – Оглас бр. 14157/2026: „Изнајмување на Механизација – ПП возило и опрема за тунели Демир Капија 1 и 2“.
  3. Договор за јавна набавка бр. 52/2026 склучен меѓу ЈПДП и ДПД „Ентузијаст Охрид – Дебрца“ во вредност од 7.999.998 денари без ДДВ.
  4. Документи за регистрираната дејност и статут на ДПД „Ентузијаст Охрид-Дебрца“ и објавените извештаи за судир на интереси на управителот/командир на ТППЕ Охрид (медиумски истражувања, октомври 2026).
  1. V. Социолошко-безбедносна и теориска литература
  1. Улрих Бек, „Општество на ризик: кон нова модерност“ (Risk Society: Towards a New Modernity, 1992) – концепти за „произведен ризик“ и „организирана неодговорност“ во кризен менаџмент.
  2. Ben Wisner, Piers Blaikie, Terry Cannon, Ian Davis, „At Risk“ (Natural hazards, people’s vulnerability and disasters, 2004) – PAR (Pressure and Release) модел на ранливост при катастрофи.
  3. George Stigler, „The Theory of Economic Regulation“ (1971) – теорија за „регулаторно заробување“ (Regulatory Capture).
  4. Анализи на „командна магла“ и оперативен хаос во кризни ситуации (PIARC, NFPA).

 

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани. 


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Tags: апсурдбезбедностдржаваСистем за заштита и спасување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ