Љубомир Костовски
Несомнено дека првиот човек – одново – на партијата на СНС, дојде на конституирањето на новиот парламентарен состав на Србија подготвен, со стратегија, би се рекло.
Најнапре,д дојде оној инцидент во Пионерскиот парк кога пратеничката односно актерката од серијата „Подобар живот“ Лидија Вукичевиќ (64) беше полеана со јогурт по главата. Вукичевиќ е инаку вечна пратеничка – дел е од партијата СНС од 2004 година и тоа добро го има искористено досега. Не беше кој знае каква актерка, играше главни улоги во сериите со манири на статистка. Но сега одеднаш доби шанса да биде тоа што никогаш не била – ведета на заседанието на новото собрание.
На Вучиќ му требаше некаква актерка која ќе одглуми нешто во холот на Собранието, да пролее по некоја солза. Сето тоа со инцидентот мириса на наместен настан, бидејќи, иако првата седница се задуши во формалности, Вучиќ си зеде за право да направи монолог во вториот чин (во холот) и во третиот, оној на седницата после големата пауза.
Како што му се губат медиумите кои го претставуваа како претседател (а новинарите и уредниците доброволно си се посипуваат со јогурт) тој сѐ повеќе ќе ги користи јавните преноси од овој дом за да го држи целото внимание врз себе. Уште и кога ќе добие некој одбор, ќе треба за него да отворат цел канал на РТС.
Сосема ги разбирам оние од Студентската листа што сѐ уште калкулираа со поделбата на одборите и претседавачките места, но еднаш ќе мора да се одлучат.
А Лидија? Најпрвин ќе мора да отиде на хемиско – не си го исчистила задникот и здолништето на тоа место ѝ беше доста бело. Камерата ќе ја фатеше одзади и ете како „трагедијата“ лесно се претвора во трагедија. А хонорар не ѝ следува – се офајдила таа, иха.
НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.












