• Latest

МПМ чека стечај, а вработените априлска плата!

May 26, 2017

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МПМ чека стечај, а вработените априлска плата!

May 26, 2017 12:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Графички центар“ е во стечај. Медиумската компанија „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) како фирма ќерка на „Графички центар“, со вработените коишто останаа, поточно оние кои не се пријавија во новоформираната Медиа Принт ДООЕЛ, како што велат, нема веќе имот, па поради презадолженост ќе оди во стечај. На почетокот на неделава е објавена во Централниот регистар одлуката на Основниот суд Скопје 2 за отворање на стечајната постапка, а за стечаен управник е назначен Симон Михајлоски. Од над 60-те вработени во двата весника, кои веќе еден месец не се печатат, „Утрински весник“ и „Вест“, во Медиа Принт ДООЕЛ, преминале само 11. Другите се на платен список на МПМ, чекаат исплата на априлската плата, и ќе бидат прогласени за технолошки вишок.

„Не се пријавивме во Медиа Принт ДООЕЛ, зашто не можеме да работиме во тие услови коишто се нудат таму, со двајца уредници, со кои не може да се соработува, не се согласуваме ниту со уредувачката политика. А, години помиваме во МПМ, ги вложивме најплодните години од нашата кариера. За што? За на крајот, да бидеме технолошки вишок. Ете, до таму го доведоа новинарството во Македонија“, коментираат дел од новинарите, што сè уште се водат на платен список на МПМ.

Тие велат дека за телефонските сметки, со исклучок  на неколкумина на кои им биле надоместувани по 500-600 денари – трошок, парите им биле задржувани од платата.

„Срамно беше тоа. Новинари што треба да работат и постојано да бидат во контакт, да се изложуваат на таков трошок. Но, при сила, нема правдина. Најстрашно беше што, парите коишто ни ги задржувале нам од плата, не ги уплаќале во Т-Мобиле! Не беше тешко тоа да се дознае, но за нас беше шок“, велат дел од новинарите коишто не се пријавија во новата компанија Медиа Принт ДООЕЛ.

Покрај парите од телефонските сметки и парите што им ги задржувале за ваучерите во „Тинекс“ маркетите, исто така, не биле уплаќани од компанијата.

„И ова не беше тешко да дознае. Кога дознавме што се правело со парите од телефонските сметки, решивме да провериме зошто од ‘Тинекс’, веќе одбиваат да пазарите со еден ваучер од 2.000 денари  на одложено плаќање. Парите ни ги задржувале од плата, но, не ги уплаќале во фирмата. И што друго сѐ правело, не треба да се претпоставува. Ситуацијата е јасна, кога до тука е доведена работата!“, додаваат вработени во МПМ.

Од трите македонски весници што ги издаваше со години МПМ, само „Дневник“ и натаму има свое печатено издание. „Утрински весник“ и „Вест“ се сведени на сиромашни инфо-портали. Овие весници ќе останат запаметени по извонредните професионални трудови на македонски бардови во новинарството, но последниве години и по едностраната, провладина уредувачка политика, поради што многу новинари во битката за зачување на професионалноста, останаа без работа.

Распадот на МПМ го следат и бројните штрајкови на новинарите, кои со месеци не добиваа плата (наспроти управителката која била плаќана месечно – 25.000 евра!), по затворањето на дописничката мрежа и по силните притисоци врз новинарството. Сето тоа финишираше неславно – со прекин на издавањето на весниците-пионерите на македонското, плуралистичко дневно новинарство.

М. Талеска

Tags: ВествработениГрафички центарДневникМедиа Принт ДООЕЛМПМновинарисиндикатУтрински весникШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ