• Latest

Соработка, солидарност и меѓусебна доверба во заштита на граѓанскиот простор

June 21, 2017

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Соработка, солидарност и меѓусебна доверба во заштита на граѓанскиот простор

June 21, 2017 16:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, а со поддршка на Цивика Мобилитас, регионалната конференција „Улогата на граѓанските организации во унапредување на просторот за нивно делување“ денеска се одржа во Скопје, со цел – размена на добрите практики за мониторинг, застапување, подобрување на одговорноста и соработка меѓу граѓанските организации.

Конференцијата беше тематски поделена на три области: активности за промовирање на поволно опкружување за развој на граѓанското општество, пракса и стандарди за одговорност на граѓанското општество и градење на коалиции за промовирање на граѓанскиот простор.

Организаторите се надеваат дека оваа конференција на претставниците на граѓанското општество од Македонија, од Западен Балкан и од Европа, ќе им помогне нивните организации да бидат поактивни и поефективни во одбрана на граѓанскиот простор.

Конференцијата ја отвори Дени Срискандараџа (Dhananjayan Sivaguru Sriskandarajah), генерален секретар на CIVICUS, Алијанса за граѓанско учество, поставувајќи ги главните прашања што граѓанските организации треба да направат за подобрување, проширување и промовирање со цел заштита на граѓанскиот простор.

На првата сесија говорници беа  Александар Кржаловски, извршен дирекор на МЦМС, Тевфик Башак Ерсен, генерален секретар на TUSEV од Трција, Котилда Коста од „Партнерс“ Албанија и Фани Каранфиловска – Пановска од ФИООМ, кои преку сопствените искуства ги презентираа можните активности за подобрување на граѓанското општество и поттикнување на граѓанскиот ангажман и придонес во донесување на одлуки за општествени  и демократски промени. Пред сè, ја потенцираа солидарноста и довербата на јавноста, како предности за развој на граѓанското општество.

„Ние, граѓанските организации во Македонија, не сме обединети воопшто… Треба да изградиме механизми кои ќе ја поттикнат солидарноста меѓу граѓанските организации“, изјави Каранфиловска, посочувајќи го негативниот пример на нереагирање и несолидаризирање на граѓанското општество, при нападот на 22 организации финансирани од Фондацијата Отворено општество Македонија, во походот на претходната владејачка партија против невладиниот сектор.

Говорниците на втората сесија, Катја Гунтен, советник за одржливост во Global Standard for CSO Accountability и Илина Нешиќ од БЦСДН, обрнаа внимание на практиките и стандардите за одржливост на граѓанското општество на глобално ниво, преку заедничка соработка на граѓанските организации.

Марина Шкрабало од хрватската организација ГОНГ, ја започна третата сесија „Градење коалиции за промоција на граѓанскиот простор“, истакнувајќи ја  потребата од градење доверба и солидарност меѓу претставниците на граѓанското општество, но подеднакво и од градење доверба и од поддршката на граѓаните, споделување на ресурсите со кои располагаат организациите, отвореност кон нови и иновативни форми на активизам.

На третата сесија говорници беа и Ралука Теодор од ЦСДФ (Civil Society Development Foundation) од Романија и Петрус Тоинис, меѓународен тим-лидер од Цивика Мобилитас.

 

Текст и фото: Биљана Јордановска

 

Tags: Балканската мрежа за развој на граѓанското општествоБЦСДНГОНГграѓанско општествоконференцијаМарина ШкрабалоМЦМСТУСЕВЦивика МобилитасЦИВИЦУС
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ