• Latest

Холандија делумно одговорна за масакрот во Сребреница

June 28, 2017

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Холандија делумно одговорна за масакрот во Сребреница

June 28, 2017 10:27
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Судот во Хаг ја потврди пресудата на граѓанскиот суд од 2014 година, според која Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 300 босански муслимани од Сребреница, кои биле засолнети во базата на мировните сили на Обединетите нации. Судот заклучил дека Холандија постапила противправно, со тоа што ги избркала муслиманите од базата и дека мировниците требало да знаат дека постои реален ризик, тие да се соочат со нечовени постапки и ликвидација, ако бидат предадени на вооружените сили на босанските Срби.

„Судот изнајде дека холандската Влада дејствувала незаконски. Со дозволувањето на луѓето да го напуштат објектот необезбедени, тие немале шанси да преживеат и тие морале да знаат дека постои реален ризик од нехуман третман и егзекуција“, се наведува во одлуката на Судот во Хаг.

Холандската Влада и војниците истовремено не се сметаат за одговорни за другите две категории на жртви, односно, оние кои се наоѓале околу базата на Обединетите нации и оние кои тргнале во бегство и се упатиле кон околните шуми. Оние коишто биле во базата на мировниците, и според првостепената одлука требало да бидат евакуирани. Холандските власти поднесоа жалба на првичната пресуда, со тврдење дека не можеле да знаат дека муслиманите ќе бидат убиени. Самата одлука на Судот се смета за исклучок, со оглед на тоа што Обединетите нации имаат имунитет од кривично гонење.

Во меѓувреме, околу 200 холандски мировници најавија дека ќе ја тужат својата Влада, барајќи да им исплати отштета поради штетните последици кои ги претрпеле во овој случај. Адвокатот на војниците соопшти дека ќе се бара компензација од 22 илјади евра за секој од нив, со што вкупната сума би изнесувала околу 4,5 милиони евра. Актуелните власти признаваат дека батаљонот кој бил испратен во Босна за време на војната, бил без адекватна опрема и немал доволно информации од терен, поради што мисијата за заштита на мирот била нереална.

Tags: масакрпресудаСребреницатужба на 200 мировнициХагХоландија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ