• Latest

Груевски нема да бега од „Титаник“, се подготвувал да победи на избори!

July 21, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски нема да бега од „Титаник“, се подготвувал да победи на избори!

July 21, 2017 12:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер Никола Груевски, на денешната јавна седница во Апелациониот суд, рече дека не сторил кривично дело и дека нема од што да се плаши, туку дека против него се води политички прогон и хајка. Тој рече дека нема да бега, зашто се подготвува за победа на избори! Груевски е обвинет од Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.

„СЈО нема докази против мене. Единствениот сведок против мене е Заев. Едвај чекам да почне судењето, за јавноста да се увери дека сум невин“, рече Груевски.

Тој истакна дека ако сакал да бега, за тоа имал две години, односно, откако СЈО најави дека ќе бидат поднесени обвиненија против него. Груевски додаде дека не одбил ниту една покана на на СЈО и дека ќе се појавува на секое рочиште.

„Сум патувал и сум се враќал во земјата. Сум можел да избегам ама не сум го сторил тоа“, рече Груевски.  Тој потенцираше дека е семеен човек со вработена сопруга, со малолетни деца и со возрасна родителка за која во иднина, ќе треба да се грижи.

Според него, со решението да му биде одземен пасошот и обврската еднаш неделно да се јавува во суд, гласачите треба да добијат перцепција дека е виновен. Тој потенцира дека овие мерки го ставаат во нерамноправна позиција со конкурентот Заев и дека не можел да лобира за партијата, ако не му го вратат пасошот.

„Зошто за Заев нема мерки на претпазливост?“, ги праша Груевски судиите.

Специјалното јавно обвинителство кое бара притвор за поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет во случајот „Титаник“ смета дека Груевски може да избега, додека одбраната смета дека СЈО го поднело обвинението надвор од законскиот рок.

Во одговорот на жалбата СЈО наведува дека Груевски одбегнувал да се јави на распит, иако примал покани редовно. Му биле доставени десет покани, од кои примил само една, а останатите ги примило неговото обезбедување.

СЈО смета дека постои опасноста од бегство поради имотната состојба и состојбата на банкарските сметки кои би му овозможиле живот и надвор од Македонија, зашто, официјално имал 10 милиони денари, 46.000 евра и 7.000 швајцарски франци на банкарските сметки.

Според одбраната, обвинението за Груевски е поднесено вон законскиот рок во кој СЈО имало право да поднесува обвиненија, бидејќи на 30 јуни предметот не бил доставен до Кривичниот суд до 16:30 часот, до кога работи Приемното одделение во судот, туку подоцна, во 21 часот. Според нив, обвинението не било поднесено од овластен тужител поради истекот на рокот од 18 месеци, токму на тој ден.

По јавната седница за поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, во судницата се појави и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а во понатамошниот распоред на седниците се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,  поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протоѓер, сите обвинети во „Титаник“.

 

Д. М.

Tags: АпелацијабегствоГруевскиЗаевјавна седницаЈанакиескиЈанкуловскаСЈОТитаник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ