Драган Малиновски, правен експерт и поранешен прв антикорупционер, на денешната конференција „Слободни избори за слободно општество“, говореше за финансирањето на политичките кампањи, системот за контрола и санкции и за манипулациите со граѓаните во екот на предизборната кампања.
„Едно од најважните прашања кога станува збор за фер и демократски избори е прашањето за финансирање на изборните кампањи, бидејќи тука е примарниот зародиш на корупцијата. Изборните кампањи и финансирањето често се ставаат во контекст со финансирањето на политичките партии што е погрешно, затоа што финансирањето на изборната кампања е посебен процес кој започнува со отварање и завршува со затварање на сметката. Со извештај кој се доставува до надлежните институции“, рече Малиновски.
„Ние имаме многу прецизно поставена рамка, дури може да се каже дека и целиот систем е пререгулиран во некои делови, сите злоупотреби се детално опишани, она што треба конечно да се оствари е да проработат контролните механизми и конечно, сите прекршители да бидат санкционирани, согласно позитивните прописи“, истакна Малиновски.
Маја Ивановска
Фото: Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента