• Latest
Добро утро со Орданоски

Вооружени до заби, а гинат како муви

October 3, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Вооружени до заби, а гинат како муви

October 3, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Ч[/dropcap]иста статистика: Во САД има повеќе парчиња оружје во цивилен посед, одошто е бројката на жители, вклучувајќи ги и новородените бебиња. Во САД има најмногу убиства од огнено оружје по глава на жител во споредба со која било друга развиена земја на светот. Во САД бројот на огнено оружје е триплиран во последните 15 години, со по 15-тина милиони новопроизведени или увезени парчиња оружје на пазарот годишно.

На светската топ листа на земји по број на застрелани цивили – чијшто лидер е Колумбија, пред земји како Венецуела, Ел Салвадор и сл. – САД се наоѓаат на неславното 12 место, за „влакно“ зад Бурунди, африканска држава во која американскиот Стејт Департмент со години ги предупредува Американците никако да не патуваат заради опасноста од тамошната долгогодишна граѓанска војна. Според статистичките податоци, бројот на жртви во масовни убиства во САД рапидно се зголемува во последните десетина години.

Американците тепаат цивили по училишта, шопинг-молови, улици, паркинзи, воени академии, ресторани, музички концерти… Колку за илустрација, според „чичко Интернет“: само во Чикаго (додуша, третиот по големина град во САД, со близу 10 милиони жители и над 50 милиони туристи годишно) во 2016 година имало 762 убиства и 3.550 вооружени инциденти, со 4.331 ранети во престрелки.

Речиси е побезбедно во недела да излезете на пазар во Кабул, одошто да се прошетате на сладолед во Чикаго. Во Америка е полесно да купите полуавтоматска пушка, одошто да се зачлените во играорна секција. Повеќе американски деца добиваат подарок пиштол за тргнување во прво одделение, одошто боенки и тетратки со тесни и широки линии.

Мислите дека претерувам? Не, најфрапантното допрва следува: и покрај сите овие запрепастувачки статистики и зголемениот број на жртви во бесмислени масовни убиства, во САД, според последните статистики во изминатите неколку години, во благ пораст е отпорот против заострувањето на законската регулатива за поседување и носење на оружје, барем на она полуавтоматското, често и со воени борбени карактеристики! Со други зборови, би можело да се тврди дека половина од Американците мислат и се чувствуваат побезбедни ако секој се шета со „долга деветка“ задената за појасот, отколку ако никој не е вооружен. Звучи апсурдно, но така е. Ништо чудно, тогаш, што Американската асоцијација за оружје е една од највлијателните и најмоќни лоби групи во државата воопшто, откако таму веројатно за прв пат е употребен барутот за жижици!

Една од првите официјални реакции на кабинетот на Трамп по вчерашното шокантно масовно убиство на концертот во Лас Вегас е дека е „прерано да се зборува“ за воведување поостри законски ограничувања за поседување и носење оружје. Наместо тоа, понудено е претседателско сочувство и молитви за починатите.

Па, сега, вие мене кажете ми од каде и за што попрво да почнам да ги жалам Американците?

Tags: АмериканасилствооружјеСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ