• Latest

„Инклузива“ е незадоволна од извештајот на ДИК

October 5, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Инклузива“ е незадоволна од извештајот на ДИК

October 5, 2017 13:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК), како највисок државен орган одговорен за спроведување на избори во Република Македонија, има законска обврска да овозможи остварување на избирачкото право на секој државјанин на Република Македонија, кој се стекнал со истото. Изборниот законик, меѓу другото, ја обврзува ДИК да обезбеди и пристапност до избирачките места на лицата со поинакви способности.

Тоа значи дека локациите на избирачките места треба да ги исполнуваат основните услови за остварување на лично, слободно и тајно право на глас на гласачите и следствено на тоа, истите треба да се адаптираат за пристап на лицата со поинакви способности.

„Проценката за стандардите за пристапност на лицата со попреченост на избирачките места видовме дека е објавена на веб-страницата на ДИК, но ние ја добивме малку порано. Извештајот ги содржи основните податоци, но сепак, ние не сме задоволни до крај, и нашите забелешки беа доставени до ДИК, затоа што ја нема вкупната пристапност до гласачките места, односно, колку гласачи места се непристапни. Во извештајот се објавени бројки по определени категории, каде што е проценувана пристапноста, но сепак, за секое гласачко место дали е пристапно или не, не  наидовме на информација, односно, во извештајот се опфатени само објектите на јавни институции. Ова мислам дека е првичниот извештај, а иако е многу краток рокот за овие локални избори, ние ќе побараме детален извештај за секое гласачко место – колкав е процентот на пристапност“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Благица Димитровска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Таа истакна дека и оваа е некаков успех, со оглед на игнорантниот однос кон оваа категорија граѓанки и граѓани во минатото.

Според Извештајот за проценка на пристапноста на избирачките места за лица со поинакви способности, во 56% од избирачките места – нема скализа да се стигне до просторија за гласање, во местата каде што има скали, во најголем процент 22% – станува збор за 1 до 5 скалила. На прашање дали во овие избирачки места каде што има скали, има и пристапна рампа која води до просторијата за гласање, позитивно е одговорено за 95 избирачки места каде има скали, односно, за 37% од местата каде има скали има и пристапна рампа.

ДИК ја спровела проценката само на јавни објекти за гласање, од кои најголем број, 70% – се училишта, 7% се месни заедници и трети по застапеност се категориите именувани како разно – 4% и домови – 4%, во кои влегуваат домови на месни заедници или селски домови, како и домови на култура.

Биљана Јордановска

Tags: ДИКизвештајИнклузивалица со посебни способностипристапност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ