• Latest
Добро утро со Орданоски

Да се поредат како аптекарски шишиња!

October 10, 2017
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Да се поредат како аптекарски шишиња!

October 10, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]„[/dropcap]Генерално, морам да кажам дека се плашам за личниот живот повеќе, со овој мрак на правдата. Не е битно дали ќе водат постапки за Панчевски, Панчевски е веќе осуден и лежи казна затвор во нечија глава. Тие ќе ги реализираат своите намери и слободно можат да ги реализираат, јас сум со чиста совест и не се плашам“, изјави за ТВ Алсат-М судијата Владимир Панчевски, малку во прво, малку во трето лице еднина, човекот кој во првата реченица се плаши за личниот живот, но е со чиста совест и не се плаши само две реченици потоа… Да. Тотална конфузија, во три реченици. Мрак на правдата. И на логиката.

Не би се занимавал со г. Панчевски – човекот не го ни познавам – да не е толку дрзок колку што е. Тој, се разбира, нема поим што е тоа вистински страв, бидејќи знае дека, и во најлош случај по него, ќе добие фер судење. Што не може да се каже за стотици и илјадници други кои поминуваа во неговиот суд во изминатите десетина години. А нема ништо полошо за една земја кога не сте сигурен кој од оние што лежат по затворите е невин, а кој е навистина виновен.

За време на судско-претседателскиот мандат на Панчевски, од правдата во Македонија не остана ни камен на камен. Ја поплочија со мермер, како на гробишта, а на надгробниот споменик напишаа: „Овде лежи македонската правда, мртва како клинец закован во сандакот на правната држава.“

Марко Зврлевски, барем, си молчи. Се труди да го заборавиме, ако е можно. Не е можно. И Михајло Маневски си молчи, но и се смешка од изборните советнички плакати за Град Скопје. Патем, замислете, и професорот Владо Поповски повторно се кандидира на советничката листа на Коце Трајановски (алиас Улаф Палме) – да не знае човек дали да плаче или да плаче! Луѓево влегуваат во длабока старост (Маневски има 80, а Поповски 77 години), ама од власт – некаква, дај што ќе дадеш, макар градски советници! – не им се заминува, иако паметат детали за тоа кога Тито заминуваше на турнеи по Африка и, од палубата на бродот „Галеб“ им порачуваше на младите комунисти Маневски и Поповски: „Чувајте ми Југославију!“

Но, да се вратам на Панчевски, бидејќи меѓу него, Зврлевски и Маневски има разлика: нему, на судијата во правната држава, му е дадена огромната привилегија и целата законска моќ да ги поништи или корегира злобните и криминални дубари кои можат да ги смислат и да се трудат да ги остварат еден обвинител (Зврлевски) или министер (Маневски). Ако претпоставиме, колку за потребите на оваа аргументација, дека сите тројца спомнати, секој на свој начин и во својот домен, на пример, се професионални и морални ѓубриња, Панчевски сепак смрди најмногу, бидејќи неговата одговорност во синџирот политика-обвинителство-судство е неспорно најголема!

Оној несреќен неранимајко, Љубе Бошковски, ќе да беше во право кога, визионерски, на едно од наместените судења со кои го натовари Фамилијата, ѝ се сврте на судијката и пророчки ѝ порача: „Ќе дојде ден кога сите ќе ве поредиме како аптекарски шишиња…!“

Денот наближува, господа и госпоѓи судии. Ќе се крева мракот од правдата за којшто, со многу години задоцнување, пелтечи Владимир Панчевски.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Владимир ПанчевскиВладо ПоповскиизбориЈугославијаКоце ТрајановскиЉубе БошкоскиМакедонијаМарко ЗврлевскиМихајло МаневскиСКОПЈЕсоветнициТитоУлаф Палме
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ