• Latest

Мастерплан на ДПМНЕ, иницијатива за нов референдум!

October 23, 2017

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мастерплан на ДПМНЕ, иницијатива за нов референдум!

October 23, 2017 13:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако не успеаја со референдумите против мигрантите, ВМРО-ДПМНЕ повторно на сцена, со нова идеја за референдум. Од партијата бараат граѓаните на референдум да се изјаснат за како што го нарекуваат „штетниот договор со Бугарија“.

„На граѓаните мора да им се дозволи да го кажат мислењето за овој штетен договор. Граѓаните на Република Македонија се чувствуваат како оштетена страна на договорот, бидејќи Република Македонија е страната која трпи голем број на отстапки и обврски, без притоа да има отстапки на бугарската страна, водени од интересот на граѓаните и нивните барања ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието на Република Македонија предлог за организирање на референдум, на кој граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија“, стои во одлуката на партијата.

Ваквата одлука се должи на ставот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој смета дека истиот е донесен во нетранспарентна постапка, далеку од очите на јавноста и со тоа Социјалдемократскиот сојуз им го одзел правото на граѓаните да бидат запознаени каков договор склучува нивната влада, од кој истите тие ќе имаат обврска.

И се би било во ред, доколку ваквата одлука да не доаѓа од партија која комплетно ја изолираше Македонија од меѓународната политичката сцена. Партијата чие раководство, но и поголемото членство, има двојни патни исправи и државјанства, и тоа токму од Бугарија. Во време кога конечно треба да го признае својот пораз, да се остварат ветувањата на лидерот кој веќе една недела наместо одговорност и оставка, повторно не труе со невистини и манипулации.

За да биде ситуацијата уште покомична, оваа новокомпонирана генијална идеја на ВМРО-ДПМНЕ е поддржана од маргинални политички приврзоци. Една од нив само неколку часа од објавата ДПМНЕ излезе со соопштение дека ке ја поддржи иницијативата за референдум за штетниот договор со Бугарија, но сепак призна дека останува дилемата дали ДПМНЕ е со искрени намери, имајќи предвид дека се поминати четири месеци од потпишувањето на Договорот со Бугарија, а партијата се наоѓа во време на тешка состојба по локалните избори и потребата за одвлекување на вниманието.

„Се разбира, до референдум може и да не дојде, бидејќи се уште има доволно време македонските пратеници до ратификацијата на договорот да ги осознаат прашањата на штета на Македонија и Македонците, земајќи предвид дека договорот создава обврски за Македонија од моментот на ратификацијата“, стои во соопштението од оваа група што е изговор за политичка партија.

Намерата со ваквите иницијативи за референдуми е повеќе од очигледна. Останува на времето да покаже која тема ќе биде следна во низата изговори на лидерот и партијата за бегање од политичка и правна одговорност.

Маја Ивановска

Tags: БугаријаВМРО-ДПМНЕдобрососедствоДоговорМакедонијареферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ